Здраво мајки, дали некоја имате искуство со кадичкава? Ме интересира дали е ок големината, до која возраст сте ја користеле?
Јас ја имам оваа кадичка многу убава си има и термометар за водата ја купив 2100 денари , до една година се користи, таа што ја гледаш мислам дека е прескапо за кадичка.
Ова би ти вршело на почеток функција после не особено ако имаш понапредно бебе што може да подстане со нозе да се турне и да се преврти. Јас имав со додаток што се става и вади и кратко го користев кога почна стабилно да седи си седеше така во кадичката и жив радосен беше.
Слушалки за заштита од звук. Ги земав за да може бебе да спие кога сме во гужва, ама изгледа ќе си останат во фиока. Не се практични а и скапи се.
Има во бебехоум 1800ден се, јас планирам да земам зошто на лето имаме 2 свадби а бебчо ќе оди со нас 6 7 месеци ќе биде тогаш па ги фалат многу. Другарка ги утепа од користење за малата ич не ги тргаше не ги перцепираше воопшто, може има разлика и од дете до дете да не се нервира од нив па да ги вади.. Ама овие гледам се со целосна лента преку главчето а бебе хоум мислам се малку поразлични
Уште не се држи добро и тешки се за местење. На лентата има дел, за да не се лизгаат и стои дека се сигурни за фонтанелата, ама сепак ми е страв да ги стегам. Кога повторно би бирала, би зела од оние со пластичен дел горе. Од Амазон се, околу 1800 денари.