Мајки од каде купувате бодиња на прерамки како долна маичка поголеми бројчиња пример за 4 години, во тила, памук пале, тритекс нема. И лигавчиња водоотпорни освен Џумбо?
Провери во ГТЦ на -1 во Стружанка и до него има Ситник. Исто ако е за девојче може во сара фешн да најдеш
Ја сака ептен, му ја полнам обично со јаболче на коцки и ја грицка, си чешка непца, шмука, а и си ја држи сам со рачињата. Одлична занимација му е, а и непцата ако го мачат, супер му доаѓа.
За што ја користиш цицабио кремата? Не знам што да му земам на бебево, се мислев дали таа, атопи на еуцерин, мустела или некоја друга. Моментално го мачкам со уријаж за лице, хидрира, но не му поминува. Нема сува кожа на телото, но на лицето особено челото знае да му се направи црвенило и сува, рапава му е кожата како со теменици.
Неповикана ама да си кажам Кога му се појави малку црвенило на обравчето, мустела селатопија го мачкав моето
Исто и кај моево така се прави лицето, педијатарот оваа ни ја препорача па само што почнав да ја користам. Рече ќе пробаме со ова на природна база ако не поминува ќе препишела нешто друго ама да не биде одма со хемии. Кај моево и на главчето се појавуваат како корупки и ни рече строго со маслена купка да не се иритира повеќе од шампони.