Добри се и за мали,јас за големото купував. Но од тие со затворени прсти. Е сега не знам колкаво му е ноџето, на големово на годинка едвај 20ка му беа точни,а малово има 7м и веќе носи 18-19.
Да да за тие со затворени прсти и мислев. И за големата јас 3г исто со затворени прсти и зимам уште некако попрактични ми изгледаат. Е за број незнам стварно, можно е да утнам. И мерев сега дома од големава на чико топлинки 20ка број огромни и се. До лето годинка, годинка и 2 3 месеци којзнае дали ќе стигне до 21.
Малку сме мали за нив но многу ми се допаднаа и ги порачав. Ќе ни се најдат летово . Инаку од инстаграм , littleloves се вика страната.
Моето прво купување за бебушот лежам од 21ва недела и денеска влегов во 34та и вака си прославив сите беа по 650 денари
спремни за шетња за 40 дена Ако некоја мајка го користи, како сте задоволни? До колку часа ви е топла водата? Сега го тестирам…мислам до 5часа е топла, но не многу…
Најдобар до сега е од ДМ за 600 денари профи повеќе од 12часа држи топла вода. Предходно имав од Карес 1100денари жива глупост едвај 4 часа дали држеше топло.
Последно што купивме за 6-мес бебе е 6-аголна игрална. Го оставам внатре и по пола час се заигрува, ем уште не седи но се врти 360 степени во неа. Во дневна нема место за ништо но нема веза
Со здравје да се служите. Од каде ја зема? Одамна се мислам дали да му купам ама веќе сум сигурна дека сакам.
Ја начекавме во Lidl кога патувавме во Бугарија беше само 50е. Инаку сум видела на freeon страната скоро иста. Бидејќи веќе почнуваат да "лазат" на обичната подлога морав да го пазам да не се удри во комода или во кревет, такво ни беше местото. Сега вака се осеќам многу послободно нема кај да оди.