Коцката од една продавница за играчки ја купивме, истата ја има и на амазон. А другите се сите од кауфланд.
Ги има на фејсбук цените. Јас им побарав да ми ги пратат и дезените. Кај нив се најевтини од тоа што досега имам разгледано.
Да и јас исто им побарав и бирав добри 20 минути за на крај кога ми стигна да сфатам дека од двете страни ми биле сликани
Јас мислам дека се скроз истите. Барем по сликите така делува. Ама нека пише некоја членка ако ги видела од двете места.
Имам читано членки овде дека се презадоволни од квалитетот на Нама, па ако се исти тогаш да си нарачам од поефтините Ај може ќе одговори некој што знае.
Не се. Имам и од Нама и од 600-700 денари. Дезените и димензиите се тие, ама квалитетот не е. Од Нама е позбиена и поцврста и за некој милиметар подебела, а другава е лита, лесна, многу електризира за разлика од Нама, плус се гребе и кине горниот најлонски слој многу лесно. Првите две слики се поефтината, на третата слика подебелата е од Нама. Спојлер И поефтинава врши работа за пократок рок.
Од Нама таа скоро година ја користиме. На места има гребаници, не дека не, ама на пример и сопругот без размислување стави столица и се качи врз столицата на подлога додека беше, не се оштети воопшто. Од Локо Кроко имаме поевтина, помалку ја користиме, а на повеќе места има гребаници.
Дали ја имате коцкава и како сте задоволни? Или некоја слична ваква. На Али експрес се наоѓаат и за пола цена ама некако не ми се чека.