Локо кроко, супер е. Со 2 различни шарички е на секоја страна, бројки букви како изгравирани, некои лесни математички задачки за повозрасно. Малово толку многу се израдува многу ми е мило што го фатив на камера за спомен, осети нови текстури на рачињата па почна возбудено да гребе по неа со раце нозе па почна да се влече цел се изврте од лево кон десно круг на мешко Најдобро вложени 1100мкд до сега и огромна е, топло држи од доле иако не е препредебела, а лесно се брише и најважно се собира скроз во футрола. Со оние слагалица коцките мака мачев за чистење
Од Алиекспрес за смешна сума https://a.aliexpress.com/_EQnD6u3 Многу убав материјал, внатре има топче што цивка. Само што се чека 2 месеци
Pi Ki бебе маркет, 850 денари https://www.facebook.com/share/VTZDECkhRX5GWkym/?mibextid=WaXdOe Една чинија ми треба само а чинеа повеќе од сетов само чинии каде и да видев па ми се виде исплатлив
Баш затоа и те прашав сите се над 2000 ден и јас што ги гледав и зато си купив од мерак пластичен сет што незз колку ке го користам за старт ама пусти мерак, баш кажи дали се добри овие
Јас на ова маста му ја извадив, го користам максимално. Со чашката се научи да пие од цефка, си лажичката научи да јаде сам, лепи убаво и ептен ми е од помош.
немам слика туку прашање, каде да најдам тенка вреќичка за спиење? со или без ракави? по можност околу Тафталиџе или можеби во Сити Мол?
И во Лептокарија во Стружанка има памучни, и до Нлб банка мислам hello baby нешто така беше (овие сами ги шијат и на таа што ја земав е искривен патентот малце тешко оди, може и моја вина што не видов убаво пред да купам, чисто да знаеш)