Тек сум 6ти месец Не ми се спие нешто, па решив список да направам што изнакупив денес за бебето. Да имам увид. Кај ми е крајот до 9ти, кој знае уште што се' ќе изнакупам.
Леле жено истиве боденца со долни розе бело и бело со точки ги земав од H&M. Викам ај малку за почеток, амаа не можам еве само гледам.. овие од кај нас ги зема? Од нашиов H&М?
Да да, од кај нас се сите. Сакав да ѕирнам после одмор до Космос, ама целото време во Икеа го поминав. Од таму па што се' изнакупив. Кога отидов на граница за печат за данокот, жената излезе од шалтерот и побара каде ми била колата паркирана, да ги проверува по списокот работите. Не и се веруваше дека можам да изнакупам толку работи. Во колата имаше место само за маж ми и мене да седеме, а плус со туле на кров бевме.
Иста бев хахахаха, и на крај не сакаше да ми стаи печат, па се испорасправав хахаха, па се смени таа и ми стаи друга печат. А иначе има у Космос, ја од таму ги земав овие од H&M, коа и да одам кај нас некако џунгла е и ништо не наоѓам. Ќе одам и кај нас сеа, се надевам дека нема претовар да излезам
Од кој h&m, ист гејт? Јас или не знам да гледам или не знам што е со мене, кога и да отидам во сцм ништо нема
Ќе бидам малку офтопик, ама само ве отварам и гледам и се топам На моменти ми е криво што нема да можам вака да шетам и да бирам за бебето и да ја доживеам на тој начин таа возбуда, туку ќе мора се сопругот со најблиските и онлајн нарачки, ама сепак најбитно е се да е во ред па здравје има време кога ќе купувам и јас И за да не бидам ептен офтопик еден предлог покрај сликите ако може кој сака да пише и од каде се работите за да не препрашуваме сите
Само јас со еден тон дадени работи, немам простор да купам, од што ми е жал дека ништо нема да се износи. Ама имаме ситници нешто.
Се е преубаво Се потсетив на тие шопинзи пред да се породам и ми се едни од најдрагите. Уживајте и купувајте на раат Додека да се породите или како мене до 9 ти кога не можев да станам
Не си само ти, сестра ми има десетмесечно бебуле, еден тон облека и гаџети имам од нејзе земено. Не ми се сликани само Кажи сега од кај чорапките?
Од локо кроко. Некои 160 ден се вака комплет. А чекај да стигнам дома да видиш за до колена какви земав.