Извини што се убацувам, истото шишенце го земав и плус уште едно анти колик на авент пластично од зегин, ама онлајн нарачав. Ова беше околу 700 и нешто мислам.
Ги гледав на зегин странава, ама викам да не ги има некаде со попуст хаха. За почеток пкеј е само ова? Или да си земеме и поголемка мл?
Јас земав две помали и само 0+ месеци повеќе од мерак. Мислам дека е сосем доволно ако ти е во план да го доиш бебето. Ако не тргне по план, здравје боже аптеки на секој чекор има, особено зегин па ќе тркне маж ќе купи дополнително што треба. Гледав и на виафарм имаат доста попусти на бибс и авент, имаат и достава. Разгледај и таму.
Ние го имаме, уште кога бебе беше еден месец. Без него не заспива навечер. Има музика и различни звуци. Тие од али слични се на ова, ама кога ќе го споредиш различни се и по изглед и по цена. Спојлер
Мила, тетра ли пелени на тоа што пишува love maxx? Знам дека се од генцбебе, баш ги гледав а незнам што се
Не мила, не се тетри туку како мали крпчиња за бришење на устето, лиги и сл. Убав материјал се, евтини беа, па земав ќе се најдат.