Најпрвите алиштенца за мојот медвед Си заплакав од среќа кога ги видов. Едвај чекам да си го видам синко во нив
Синсеј, околу 500денари мислам беа Има премногу избор за бебенца, му реков на маж ми да излеваме што побрзо оти ќе ја кренев цела продавница. Инаку да знаете дека веќе донеле нешто од зимската колекција, преслатко е сѐ.
Дали оти прво дете мила не знаеш колку сум среќна што конечно дома гледам бебешки алишта Толку многу сум исполнета и среќна, неможам да ви опишам, додуша знаете сите како е. Од што ми е мерак сѐ сакам да купам наеднаш ама се контролирам оти после ќе немам па ништо за купување
Иста сум, ништо немам отворено за мене, само дремам и ги демнеам странине не можам да одолеам. Сакам се наеднаш да купам, и само на глава му се качувам на маж ми, го спамам со слики што ќе нарачам и стално викам, леле не знаев дека волку меракот е голем за свое дете да купуваш
Чекајте па кога ќе дреме денски а вас ве мрзи (убаво ви е до бебче) да станете па али експрес џинџири минџири гаџети, само нарачки фрчат, од сè што има онлајн. Мм вика треба доле во влез специјален дел за твоите пратки да има
Ах мила да си ми жива, ти знаеш дека јас па заборавив дека од Али има џиџи миџи за беблаци Сега ќе си пребуричкам нешто
Ехеее не да има.... пушти се со време во акција, таман да стигнат. Монтесори црно бели книги по 150мкд,овде се 850+, таблички hello world, лигавчиња силиконски.... јас цела декорација за прв роденден од таму ја порачав дел стигна, дел има време до Јануари. Амаа 90% од работите што овде ги продаваат се од чика али
Јас какви џиџи миџи си нарачав, таман до 9ти да стигнат преслатки ситници има, шушкави книги, турпии за ноктиња, лигавчиња, закачалки. По 2/3долара не ги осеќаш и на крај 50