Јас бев во Сити мол со намера да разгледам. Ама всушност немаат скоро ништо изложено за бебиња... И нарачав онлајн.
Гледам дека пратката е пратена од Полска, за работиве кои ги нарачав онлајн. И баш прашав, и навистина онлајн нарачките за бебиња ги праќале од Полска... Не знам зошто. И наводно, подобар квалитет имале.
И мене Зара најчесто не ми се од Мк доставите и подолго чекам, ама ете никогаш не сум помислила дека е ради детските алишта, најчесто се што порачувам нема кај нас низ продавници и мислев таму им е главен магацин, ама супер
Па искрено не знам.. последно што нарачав, едните хеланчиња беа со маркер направени, а ги чекав некои 10 дена. Иначе за избор од Зара детско, секаде исто и пола па не им е изложено… треба да ги чекаш од магацин да донесат.
Дали имате порачувано шпикозни од tinybaby shop... тие што се 3 пара во паковањр.. се мислам кој број да му земам тек почнавме 4ти месец бебе е 6 и пол кила а за долг нз но алишта носиме 3 со 6 ичи 6 до 9 доста имаме... па се мислам дали 6 до 9 да му земам ...
Знам дека испраќаат од странство, и не само бебешки и другите. Само за ова квалитет што викаш, за тоа мислев.
Majki edno poinakvo prasanje, mozi ne e za tuka izbrisete slobodno. Se iznakupiv alista za maliot vo posledno od sinsay ama pogolemi za esenta zima. Dali se kvalitetni? Mn se poevtini od dr prodavnici a vaka na izgled materijalot ok.
За тие пари се ок. Малце се смалуваат со перење пази, ама јас ги перам стандард на 60 ради бебето. Не се некои најлоши ама пример би ги кажала дека тритекс, силви стајл па и нешто од ваикики се подобри во квалитет
Зависи, има и квалитетни и работи што се онака… Повеќето алишта биле супер што ги имам купено, не се деформирале после перење и слично. Во сооднос цена-квалитет се исплатливи. Има работи и од брендирани продавници што сме ги купиле а не се погодиле, се деформирале, растегнале и слично така да јас лично сум задоволна од синсеј.
Јас цело време перам на 40 бебешки и сега веќе детски алишта од прв ден, на 60 многу брзо се уништуваат, посебно поради тоа што маливе алиштенца се перат често. Јас сушам во сушара, некогаш и пеглање зависи од алиштенце и тоа е дополнителна дезинфекција. Нема потреба од 60 степени, само сакам да споделам искуство ) Се согласувам, од Waikiki е поубав памукот дефинитивно, ама и Sinsay за тие пари е сосема во ред квалитет
Aх Carter's Преубаво им е се. Едвај чекам брат ми - вујче од Америка хаха да си дојде Јануари, ќе си дојде за 40 дена кога ќе наполни бебето. Имам 455345 работи нарачано, само стигаат кај него нарачки. Колку се поефтини таму, не ми се верува. Во Македонија изгор поскапо.
Дали некој има купено топлинки од обуча метро..цел ден ми излегуваат на фб ... цената ефтина..на изглед екстра мз како се во живо сега дали се добри
Не се лажи. Веднаш стануваат лом и никаква подршка нема на ногата. Имаше моето за кај моите затоа што запна за Патролните шепи тогаш. Може сега смениле квалитет, ама до пред некоја година беа лоши.