Aww одам утре СИНСЕЈ преслатки ионака се ми одрасна ќе треба да менувам се гардероба ги одрасна 56ките баш ми е жал многу брзо растат а јас емотивна и на боденцата негови плачам што веќе не е толку малечок.
Од Next, во Diamond Mall. За цена не ми текнува искрено, 1000 и нешто. Имаат и онлајн продавница, ама јас лично немам купувано од нив онлајн, туку одам во продавница.
Дали некој знае да ми каже каде кај нас можам да купам плик кебе за бебе? Нешто вака треба да личи, како подебело јорганче, со врвка. Ми рекоа дека е најзгодно за првите месеци, и за кревање/доење, па и за да си спие во ова, наместо во вреќичка (во куќа сме, зимски месеци е поладно, и бебе здравје Боже треба да стигне во Октомври, па би било супер и за спиење првите месеци). Слушнав дека има најверојатно и во Стружанка, веројатно е нешто како кебенце со патенти, па би било супер ако некоја мајка има нешто вакво, да ми прати слика, зошто јас сум на bed rest, и не можам да отидам сама, па да знам дали да пратам некој од домашните. Фала ви однапред.
За жал нема уште online продавница поврзана со оваа next во diamond mall, само од препродавачи преку инстаграм што ги носат директ од Англија.
Можно е, не знам. Знам дека ја имам отварано онлајн продавницата нивна, и ми бараше држава, и ја имаше Македонија како опција. Мислев си имаат и достава, штом ја дава како опција.
Па страната од Англија што е нуди достава секаде, но, се плаќа доставата и плус царина тука како да си порачуваш нешто од Англија, не е како Зара да речеме ти го праќаат од таму а те водат како да си порачал од Мк, инаку изборот во продавницава е мал за тоа што го има online, но и ова е голем чекор што ја отворија хахаха, за бебенца има повеќе избор во продавницава кај нас, за поголеми ништо не носат
Јас земав 50ка и беше точно, се роди 50см. Од зара беше нашето од волнените/кашмир комплети, има убави комплети и окаиди, некст многу убави шпикозни…
https://somniashop.mk/bebeshko-kjebence Мислам и во Тила има. Стара е сликава на Фб, па најдобро да прашате дали има сеуште
Фала многу, баш им пишав на фб, и одма ми вратија, и слики ми пратија и од постелнини и плик кебенца (нив денес ги пуштаат во продажба). Ќе ја пратам мајка ми да оди, баш да види. Ти си била последна во Next, па да прашам, кај нас имаат само бебешка облека, или имаат и дополнителни работи, како постелнини, кебенца, тетра пелени, плишани играчки, итн итн итн? Ги гледав работите кај нив на официјален веб, се ми се засвиѓа, прекрасни работи имаат. Се заљубив во едно кебенце, баш какво што си имав замислено, па ќе праќам некој викендов во извидници и се надевам дека ќе го има и кај нас.
Оххх, прекрасно, им пишав одма, фала ти многу. Не знаев за странава, гледам дека ги има истите работи како и онлајн на Некст, веројатно се поскапи, ама во секој случај вреди за нешто што ќе ни фати око, а да го нема во продавница.