Мене ми се преубави, тоа со меченцето ми остана во душава Преубави работи има на странава, вреди да се следи
Супер, ќе ја пратам мајка да види се. Да не ти текнува случајно да си го видела кебенцето што го споделив? Прашав во GeorgeKids, 2000ден им се, па ако го нема во продавница, ќе си го нарачам од кај нив. Готово веќе штом ќе ни остане нешто во глава, тоа е тоа!
Имаше ќебенца, ама ич не ми текнува дали истово го имаше. Јас зедов од друга продавница од Diamond mall ќебенце памучно, двослојно и со две лица. Многу е убав памукот на ќебенцето. Ова го зедов https://idilbabymamino.com.mk/продавница/ќебе-памучно-двослојно-4/
Многу ги сакам јас овие Idilbaby, за првото детенце комплетче имав за новороденче, пренежниии и меки и сега ги вадев пак алиштенцата да разгледам што имам, тоа уште е меко комплетчето, а носено е. Многу убав памук
Го видов баш во делот кадешто имаше ставено што се имаш купено, преслатко е. Јас за памучно ќе земам од БебеХоум на Вибо, имаше едно преслатко бело со срценца, памучно од едната страна, а од другата меко. Ама уште од претходно имав наумено дека сакам онакво плишано меко кебенце, баш нежно како ова од Некст, така што готово, очите таму ми останаа и мора тоа да биде. Жена кога ќе науми нешто во глава што го замислила, нема бегање.
Знаеш што можеш да направиш? Пиши им на инста на страната официјална next македонија за цена и дали има, јас сега проверив, цените на германската next се како кај нас (споредив јас што купував скоро) Next.de и ќебенцето е 19евра, ако го има кај нас околу тој износ ќе е
Даааа, баш тоа го направив уште сабајлево кога го видов, ама нема уште одговор. Се надевам ќе пишат до крај на ден, да можам одма да го пратам мм.
Јас ги имам тие на Вибоо во два дезена. Најискористени ми беа цела зима. Искрено имам и дебело ама баш за ништо не ми служеше. Дома е секако топло.
Во дајмонд мол. Моето бебе кога беше новороденче немаше тука, нарачував од онлајн страни што носат и во Приштина во молот има продавница.
Од странава може да се порача било што од некст, не мора да го имаат ставено, само маржата е скоро дупло од вредноста на производот.
Да, и јас го приметив истово, плус ми кажаа дека ако се нарача, доставата ќе биде после 25ти Септември, што значи дека некој редовно оди, и се враќа со работи што биле нарачани. Во краен случај ми останува тоа, ама еве ако некоја мајка оди до Некст во Дајмонд, би ја замолила да ми каже ако го има кебенцево, немав кој да пратам викендов, за жал. Им пишав на инстаграм, ама немаат одговорено
Јас бев вчера и не го приметив. Има повеќе basic ствари, бодиња, шпикозни, по некој комплет, ништо специјално… За две недели ќе имале нова роба.
Да се вмешам неповикана ама многу малку ствари има во дајмонд. Ми се допаѓа ептен брендов (јас за возрасни гледав) ама во ск скоро па ништо нема. Ко за греота ми се виде продавницата. Може моментално така сум начекала