Ептен ми помогна и фала ти најмногу Стварно немав идеја од каде да почнам, за сега имам два пара шпикозни такви на копчиња тие ми се 1-3 месеци и 9 тетра пелени хаха. Мене и ме ограничува дека само онлајн можам и евентуално да праќам некој до продавници ама меракот ми е сама да си бирам/купувам. Ти супер си, си завршила со најголемиот дел дефинитивно
Јас највеќе во шпикозни го облекувам без да се секирам дали му паѓале или го стегале чорапите. Исто и за панталончиња/тренерчиња нонстоп ги проверувам дали го стегаат на мешето. Шпикозна е закон работа . Криво ми е што се изнакупував бодиња по долги. Мене лично повеќе ми се допаѓаат тие со копчиња и на двете нозе дека полесно се менува пелена. Тие со патент или копче на една нога помачно ми е да ја ставам другата нога ако шпикозната е покнап. Сепак е лична пеференца ова Тетра пелени исто земи си повеќе, особено ако бљуцка ќе ти се најдат многу.
Јас имам и список што се имам купено и од кое бројче и тип гардероба колку комада. Само лаптопот ми е на сервис, ако сакаш кога ќе ми го вратат ќе ти пуштам слика да видиш. Е сега не гарантирам дека баш таа количина е потребна за новороденче, јас може малку и претерав ама таму во 17 недела ме фати некое лудило за купување. Мада сепак мислам дека се што земав се практични работи што бебето ќе ми ги износи. На пример бели боденца имам 10тина (56ки и 62ки) и сум сигурна дека ќе ги износи, башка се унисекс па утре и за второ дај боже ќе може да ги искористам. Гледај си онлајн, стварно има многу избор сега, и мене дел од облеката ми е нарачана така. Еднаш ми се случи истиот курир три пати во ист ден да дојде кај мене. За по продавници може да пратиш некој во H&M во дајмонд или сити мол, имаат многу избор и мене лично преубав ми е памукот. Имаат пример 3 боденца за 600-700 денари. Шпихозни со патент исто имаат 2 за 1200, или на копчиња ми се чини 459 така нешто. Гледаш малку сум забегана и цените сум ги запамтила. Ако ти треба нешто помош тука сме.
Хаха ме изнасмеа ама и дефинитивно ми помогна Може да ми ја пратиш и листата кога ќе можеш сигурно ќе ми олесни работа барем за ориентација колку толку
Мајки, како перете и сушите оградици? Имам шарена постелнина, па земав обични оградици од Тила, пастелно розева, еднобојна. Перењето преживеа, ама во сушара ептен ми се собра, а не беше на јако, се друго си остана нормално. Има чаре како да ја вратам во првобитна состојба, или ќе мора нова да купувам?
не знам дали ќе ти помогне, ама еве ја мојата листа, јас веќе купив 99% од работите. Во делот за хигиена, ги имам додадено плус следниве работи за чистење на папочето: Алкохол 70% Хидроген 3% Стерилни газички - мали Бивацин прашок (Банеоцин) Павловичева
Од овие дополнителни работи не знам само хидроген и павловичева зошто ти се, немам никогаш користено за бебе. Крема за пеленска регија барајте квалитетна со цинк. До 6м воопшто не користев влажни за бебе, го одмивав со памукчиња и вода. Исто така, ако одиш во приватна болница, не ти требаат мрежести гаќи и такви памучни влошки, ќе добиеш таму. Судокрем исто не знам за што користите. Чисто да пишам нешто од мое лично искуство
Јас доцна го открив судокрем, па го користам од кога детето веќе беше над година, нема подобро за газе. Ама за мало бебенце не ни знам дали треба толку јака крема за газе, mustela или weleda најчесто за пеленска регија за почеток па ќе видите што одговара. Хидроген како да се сеќавам на пупаче стававме или Octenisept спреј за пупачето и газички. Памучни влошки за дома после болница мене ми се најдоа многу, уште ми требаа од тие огромните boni ли се викаат, дури уште купував. А гаќите мрежасти од систина ги навикнав и овие дома после ми беа неудобни што ги имав земено, ама со царски дека бев имав потреба од мрежасти гаќи и за дома И за влажните исто искуство на почетокот може поубаво со вода или ако треба влажни да се со вода само и не купувајте многу, можно е да го воспалуваат газето, ќе пробате различни
хидрогенот е за чистење откако папочето ќе падне, до тогаш со 70% алкохол. Павловичева е за наизменично мачкање на цело тело лосион/пеленска регија, посебно на почеток додека е можно кожата да се перута. Јас ќе се пораѓам во приватна болница, ама мрежести гаќи и влошки секако ќр требаат и за дома, за првите денови. Судокрем е нешто најдобро што постои, и може да се користи од раѓање - крема на база на цинк, што прави чуда во случај на пеленски осип. Јас и сопругот ја имаме во секое време, помага и за возрасни во случај на бубулички Се согласувам со се Инаку за влажни, baby love од ДМ одговараат во 99% од случаите, 99% вода се, инаку и мене ми е планот обавезно одмивање со вода после секое какање
Ептен кеиф ми направи седиштево. На акција е, не е скапо. А опции куп. 0-36кг, за до големо дете. Со изофикс. Башка седиштето 360. https://www.encimenci.com.mk/sedishte-nitro-grey-40-150-sm-moni-066g40622
Здраво се спремам за новороденче и планирам да одам во Синсеј е сега некаде читав се собирале при перење, точно е? Кој број да земам тогаш ?
Јас на мојата и зимам спрема возраста што ја има, на пример ако е 3 месеци зимам 3-6, може малку на почетокот да и долго, но за кратко таман ќе и е. Јас не сум приметила да се збираат ама и не ги сушам во сушара. Прво перење им е во машина на 15мин колку низ вода да поминат или на рака, а после тоа ги перам на 60 степени.
Зависи на колку ќе ги переш, но 80% се собираат и се потесни за разлика од останатите “марки”. Затоа како за почеток новороденче е во ред 0-3м мислам дека на сите им се точни, но кога ќе почне да расте ќе забележиш сама ќе треба поголеми да земеш.