Леле само јас ли на ќере не и облакам хулахопки. Лани само еднаш и облеков за надвор и толку беше. Сега ме замисливте да не го измрзнувам јас девојчето
Успеав прееска, го сменив бројот на зградата и станот да е без коса црта и така ми успеа. Не знам дали тоа има врска. Фала ви
Секое дете е различно. На пример на моево боди не му облекувам под шпикозните кога спие. И преку ден ми се поти ако го облечам на пример со блузон и потенко јакниче. Сфатив дека не треба да се водам по другите туку да си следам дете пошто е склетџиче
Јас на моиве никогаш не сум им облекла хулахопки, освен на ќерка ми со фустан/ сукња И општо никогаш не се преоблачени, па да не ги подречам имаат супер имунитет, мн ретко се разболуваат.
Јас по мене гледам, ако мене ми е ладно и облекувам хулахопки, му облекувам и на детево. Не ми бил испотен или да се жалел дека му е жешко.
Ни на женско ни на машко не сум облекла хулахопки под алиштата. На девојчето со фустанчиња само. Ако е ладно облакам скафандер.
Е баш скафандер не се наоѓа сега , сакам плишано нешто за сега кога е ептен свежо навечер Се нервирам
Да, овој период му облакам едни бушави дебели тренерки насабајле кога одиме да ја носиме дада во градинка. Сакам да кажам место одоздола хулахопки, секогаш сум одела на подебели алишта или уште еден слој одозгора.
Од Kont kids фб страна, имаа големо намаление, дебелината е на средина не се претенки а не се ни многу дебели
Истиот го земавме, уште при купување во бебе хоме продавачката ни кажа дека е слаб, не влече јако и е ептен за почеток, само за првите 2-3 месеци, а на интернет има добри препораки, па ќе видиме