Колку е само прекрасно гнездово од Ело, ми беше на план да си го земам и јас верувам дека вреди за парите
Ептен е убаво, се изненадив. Претходно гледав и од други места ама не беа ни приближно вакви, сунѓерот е убав, машала големо е доста, сигурно до 6 месеци и повеќе ќе се користи. И вреќичката е супер, земав летна дека ни е топло дома и таман е. Сега бањарчиња ќе нарачам и чаршав.
Потврдувам за гнездото од Ело, го имам истото само друга шара. Бебето дење и ноќе спие во него, ептен се навикна. Плус е големо и сунѓерот е одличен. Имам и вреќа, се зафркнав со зимска, а моево с’клетџиче и плаче со неа. Спие со тетра покриено преку ден, дури и неа ја шутира.