Имате ли враќано нарачка од Енци Менци? Денес ми стаса стерилизатор скршен, им пишав ама после работно време е, ме занима односот каков им е. До сега сум немала проблем со нарачки од нив.
Јас душек менував, ми стигна еден и се премислив па сакав друг. Им се јавив, ми рекоа да го однесам во канцелариите нивни и да подигнам нов, вака доста беа фини. Се наоѓаат после Тинекс Годи, после Волво и Киа салоните, има знакче Chicco на зградата.
Пиши им маил, чисто да си имаш доказ. И ќе те бараат утре они. Значи многу се невнимателни при онлајн продажба. Нарачав седиште за во кола и ми го пратија без некои од деловите и без гаранција. Пакуваат во било која кутија што нашле при рака, воопшто не ги интересира. За тој промет што им го правиш може барем малку да се потрудат, доволно е да отидеш во продавницата и да ги видиш продавачките, нема живот во нив