Супер се. За двете деца само од таму земам, се немаат собрано, машина сушара секоја недела исти се. Убав памук е, мек.
Само ако земате поголем број нарачајте, јас по кратки му нарачав 6-9 демек пролетва да носи, сега има 5м и кнап му се на бебче.
Мислам дека зависи од бебето тоа. Мојот е 9 мес, му земав од 9 до 12, супер му се, ќе ги носи сигурно уште 2,3 месеци. А буцко е вака скоро 9кг, не е слабичко бебе. Ако се многу поголеми дека горе се со отвор, раменцата ќе му искачаат. Големата така ми беше сека слаба и се смкнуваа горе.
Супер се, Примарк се. Сите шпикозни од таму ни беа. Само што мојава е многу долга и веќе со ногавици се ни е мало, и брзо ги надрасна.
Женски од genc bebe задоволни сте од материјалите и памукот ? Пишуваат органски памук дека им е се ама да си прашам пред да нарачувам
Сакам да и нарачам ама не знам што бројче да и земам. Мојава исто е многу долга, вчера сестрата кај педијатарот вика личи на 4 месеци како да е. Веќе и 68ци некои парчиња и се таман, а 62ки ни се кнап. Какви се 68, одговараат ли на бројчето или помал калап се?
Не земав пак, не се ислпати, сите се со ногавици. И земав од Синсеј без, 4 пара за 1000 денари. И сеа супер е, пошо знаеш со нашиве склетџики, чорапи се наоѓаат извадени во вреќа.
Мајки, земав бодиња од tiny_baby_shop од Примарк што се, пишува 62ка (0-3) но многу мали некако… во споредба со Зара пример ептен голема разлика во број.
Не не, таман ќе ти се. Не се секирај. Мали се бебињата, ако изгледаат толку мали бодињата, ќе се изненадиш како ќе му бидат големи.