Во Синсеј во продавниците многу слаб избор за машки. Броевите плус катастрофа, од едно ќе му одговара 6-9, од друго 9-12, од трето 12-18. Се мислев онлајн да нарачам ама гарант ќе ти утнам броевите, а не ми се замара со враќање. Дали знаете каде има поголем избор за машки?
Ваикики, јас одамна престанав од синсеј да купвам. Пери еднаш па некако се собираа. Евентуално ако најдам нешто што ептен ми се допаѓа. Има убави работи ваикики кај поинт ретаил парк и јохх ако си од Ск.
Првпат нарачав од Синсеј бебешка облека и последен, броеви и материјали ужас, тенки проѕирни, од обични шпикозни различни бои се различни димензии. Тетри земав, тоа конци висат се дронца материјалот после работ на сегде, криви се, а као муслин треба да се Џемперче 100% памук тоа гребе после перење нема шанси да и го облечам. Една блуза стаса без никаква етикета на вратот, погоди кој број е За поголеми деца имам видено подобри алишта. Очигледно колку пари толку музика. На Примарк од Tiny Baby се стопати поубав квалитет.
Мене од Синсеј само шпикозните ми се супер, по 2 во пакување со патент тие, не се собираат ниту се пуфкат, за низ дома само во нив е, а ефтини се. Бодиња, само од Ваикики, не мрднуват. Инаку и Тритекс имаат убави бодиња, преубав памук, ама мали нитни, мачни ми се облекување. Шпикозните, ист материјал, преубав ама многу лоши модели, ко вреќа се.
Од Reserved имате нарачувано нешто за бебе? Имаат доста интересни модели, се надевам квалитетот е поубав отколку од Sinsay
Мене шпикозните од Тритекс ми се омилени. Доле ги закопчувам пред перење и така ги облакам и соблекувм од одозгоре, зошто нели и горе има нитни. Од доле откопчување само пелена ако менувам сред ноќ. Пре-пре комотни. Единствено, ракавите им се предолги.
Памукот е преубав, баш се израдував кога ги начекав на попуст, ама моево не сака чорапи, а пошто лази насекаде му се креват до колена, цело време гол е. И нитните му се многу мали, а и така се бориме на секое преслекување, се препотувам дур што го запетлам. Инаку по цел ден е во шпикозни, одбивам да го пикам во дводелни дур што можам оти цело време нешто се крева/спушта, сакам да му е комотно низ дома дур што ровари. Тандем со мајка му, пижама ол деј.
Еее да, кај нас ногата уз лазење унатре и се пика и се мачи... Затоа за спиење само ги користиме. Едно време доручкуваше у нив и ги испофлекавме, сеа ги исчистив и одма и ги соблекувам кога ќе станеме. Сакам да ги сочуваме за друга беба, реално не се нешто ефтини за да прекупувам. Дали у скоро беа на попуст и колку? Баш на мм му коментирав дека сакам пижами такви најкомотни на свет.
Мислам дека февруари ги зедов, доста беа намалени, по 350 ден, а бодиња по 250 ден. Само јас утка направив со бројчињата, зошто обично земам едно бројче поголемо, а нив ептен им се големи моделите, па уште толку поголеми му беа, ама ги пополни за еден месец. А за квалитетот, нема збор, немат мрднато.
Тритекс имаат многу квалитетни материјали, купувам и за мене и за мм. Ама од бодињата на преклоп воопшто не сум задоволна. Кај вратот ептен се раширија, џабе толку скапо ги платив
Девојки колку се гнездата практични за користење и до која возраст се користат? На два ума сум дали да купам
Бев против, ама добивме подарок и со ќерка го искористивме до кај 4-5 месеци. Дека прематурче, ја собираше подолго. Инаку може и помалку време да се користат. Го носев по роднини кога останувавме со спиење, така да генерално за тие неколку месеци ми се најде. Опција ако имаш количка со корпа, цврста, што може по потреба дете во корпата да спие, немаш потреба од гнездо.