Каде ги има пелените од Алкалоид Берово ? Низ Скопје по продавници можат да се најдат ? Некаде прочитав дека на бит пазар ги имало
Знам ги видов. Немам искуство со купување на ананас, прочитав негативни коментари по нетов ама ќе си ја пробам среќата.
Јас имам порачувано неколку пати не сум имала лошо искуство. еве и последниот пат порачав муслин прекривки од алкалоид баш се си стигна како што треба
Да мила, од продавница. Не дека секогаш има се, обично онлајн нарачувам, ама еве сега последно кога бев имаше доста избор и за машки бебиња , што е доста чудно. Знам за Скопје, ама тука можам да кажам дека кога и да влезам, си наоѓам баш слатки работи.
Има тркалца, да. Дезенот што го одбрав јас не е на попуст. Доцна видов дека другите дезени што ги имаат се малку поефтини од овој јас што го купив.
Во Годи има многу голем избор. Калапите не се исти на сите парчиња, многу се разликуваат. Од едно му одговара 9-12, друго 12-18... Во Џевахир ич да не одите ако ви е за бебиња, никаков избор.