https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-столче-за-хранење-минла-плус-елеган-2/ овој модел го земавте? Ај сефтосајте па ќе кажеш искуство преубаво е на изглед сакам да почнам да гледам столчиња за кога ќе прашааат баби и дедовци што да купат за крштевка да сум спремна со модел одма да кажам
Јас го имам истиот модел, веќе 4 месеци го користиме. Супер е! Ич да не се мислиш за моделот како препорака.
Да овој модел,бојата и дизајнот ме натера најмногу бидејќи скроз ми одговара на останатиот мебел а сепак долго ќе ја користиме,предобра е искрено.Со вкусови почнуваме за 1 месец ама хранилката е и од новороденче со неколку нивоа со се.Го седнав вчера одма пресмешен беше.Ми се допаѓа што е на тркалца го возам низ цела дневна,да видиме дали ќе ми олесни при обврски да седи и да ме гледа.Препорака од мене сега за сега.Исто баба и дедо земаа Ние се живо и диво ни е макси кози, и релаксатор и количка,од се сум презадоволна
И јас го имам истото и можам да кажам дека нас ни е најискористен гаџет уште од роџење. Првите месеци ја стававме на скроз легната позиција и многу си сакаше да спие во тоа, дека нели на тркалца и ќе ја нишкам, исто како во количка . После почнавме на 45 степени, од скоро и на 60, си седи со нас на маса кога јадеме или и редам играчки и се забавља дур јас средувам во дома или готвам. Сега по ново и си пробуваме вкусови во неа. Исто така само седлото се вади и има опција да се прицврсти на столче, што е исто така многу корисно за на пат да се земе (малце е погломазно али битно е да има место во гепек ). Топла препорака од мене
+1 за минла плус столчето од 2 месеца го користиме насегде низ дома, на маса со нас, во вц додека се туширам кога сум сама, во кујна додека работам. Лесно е за маневрирање и лесно се вадат и перат деловите(не јадеме уште, ама имавме експлозија) едит: ако не брзаш почекај го пуштаат на попуст често, за 14 000 го земавме ние.
Даа малечки сме ние сега напрсвивме тек месец дена ќе следам … исто го гледам и на анекс столчето пошто и количката ми е анекс и сум презадоволна па ќе видам што ќе земеме на крај … анекс мора од Солун здравје септември кога ќе одиме. Фала ви девојки @Stone @LadyR @Hygge-girl на ревјус за макси столчето ептен ми значи