Подлога за играње од каде имате земено и сте задоволни? Дали од тему се исти со овие по продавници кај нас?
Не знам за тему ама овие од кај нас се кинат многу лесно, ќерка ми со мавање играчки веќе ја издупчи.
Од Нама ја имаме веќе 2,5 години. И со столче седиме врз неа. Освен минимално гребаници тек тук, други оштетувања нема. Може сега се со различна цврстина/густина на пената. Кај нас ептен се покажа.
Од мапет ја земав, ама истите се скрос, кај што направила дупче веќе чепка, сеа ја свртев од другата страна ќе видиме до кога ќе е здрава. Кај мајка ми коцки од оние големите 60х60 подобро се покажаа само се повеќе мака за собирање.
Мапет се комплетно истите работи од тему и али експрес. Една летна вреќичка во мапет ја платив 800 ден, стигна во ќесе се на кинески напишано, за после да ми излезе скроз истата на тему за околу 300 ден. Подлогите им се прескапи, а од тему се и тие. Јас од атлантик земав 200х180 за 990 ден. До сега е супер. И големава си игра трча, газиме по неа, нема гајле. Не знам колку пати е пребришана со алкохол и ништо не и е.
Локо кроко. 1100ден, втора година еве ја, ја бришам со влажи за дезинфкеција а на 2 недели ја перам во туш кабина
Imame kocki od Dzambo se zemeni 60x60 se. Eve devet godini uste gi koristime za vtoroto, nemaat nikakvo ostetuvanje.
И од Локо Кроко имаме, додуша надвор под базен таа. Сите временски услови ги помина и со четка за перење теписи ја чистам. Вака не јавила некои поголеми оштетувања ама само 2 месеци е стара
Нашата лани беше во двор под игрална ама зимава пак си ја прибравме дома. Освен дете што ја издупчи со фломастери, ептен се држи.
https://www.facebook.com/profile.php?id=100091942184298&mibextid=ZbWKwL Девојки да прашам дали од тука некоја купила гнездо, гледам 1300, досѕа различна цена од елп, или сепак повеќе вреди елп, вибо за квалитет
Не ми го отвара овој линк конкретно, ама јас имав некое рандом, и тос користено од двата внука претходно. Искрено супер ми беше, не би давала премногу пари кога и онака 3-4 месеци максимум се користи
Јас имам од тука, маста му ја извадивме, перено и во машина на 30 с, ништо не му фали. Најискористено ни е од сите други работи.