е супер фала ти многу, за овде гледав дека реално најприступачна цена се, само не знаев дали е добро дали е доволно тврдо и како се пери
Може прашањето не е баш за тука но затоа што купувате знаете. За сам почеток колку работи требаат и што, за да не правиме претрупување?
Мек ли е сунѓерот? Како го сушите? Јас едно од син ми имав од локална продавничка, го исправ, прво не знам колку вода испи, не сакаше центрифуга воопшто да пушти, сунѓерот камен тврд, преполно вода. 1 цел ден го цедев ама онака ептен, 3 4 дена надвор уште е мокро, ќе го фрлам сега, го уништив..
На моето се вади сунѓерот што е во средина и го перам без него. Сунѓерот го поминувам со правосмукалка и го имам еднаш поминато и со тие правосмукалките за гарнитури
10 боди и 10 шпикозни. Најпрактично за по дома се едноделни а можеш да си земеш и дводелни хеланчиња и маички/блузички. Првите алиштенца во просек се надраснуваат за 2-3 недели. Плус машина ќе пушташ и ќе имаш цело време чисти. Е сега, ќерка ми беше многу чисто бебе, ниту бљуцкаше ниту се лигавеше ниту протечуваше пелена, па немав потреба да ја пресоблакам неколку пати на ден, а дека прво дете имав еден куп изнакупено што не стаса да износи. Поучена од тоа искуство за второто земав само основни работи. Ама второто и бљуцкаше и се лигавеше и пелени протекуваа и ден и ноќ и го пресоблакав и по 7-8 пати некогаш па морав да докупам повеќе. И третово исто. Така што земи си основно за почеток, а потоа ќе си видиш бебето како ќе се однесува, па сега е лесно ќе си нарачаш онлајн што ќе ти треба. Неколку тетри, повеќе фланели поради изработката на памук се доста помеки. Јас имам фланел марамици што ми се најдоа за доење еве со трето ги користам истите и ги препорачувам. 2-3 ќебенца. Освен марамиците што се помали, другите гледај да си земеш поголеми димензии од стандардните 80х80 оти се многу мали, ако си земеш поголеми ем се попрактични ем подолго ќе ги користиш. 2-3 бањарчиња. 2-3-4-5 аутфити за сликање тоа по желба. Чорапчиња. Некои подебелки шпикозни за надвор. Некое капче исклучиво за надвор и ако дува ветер. Козметика. Има доста бебешка козметика секој по свои убедувања околу неа. Сет за нокти. Па нека дополни некој друг што му текне.
Одвај го најдов мислењево, хахаха. Го нарачав сега новиот ист ваков скафандер само сега е розев, за зимава што оди. Кажи ми што бројче зема? Знам помали се на Окаиди, а не ми се пропушташе на попуст беше. Знам неколку дена сме постари од твојата цуца.
Овој беше за зимава што помина, од 3-6 м. Веќе и го кренав кога заврши пролетта. За оваа зима и немам купено, ама ќе гледам за 1.5 година бидејќи сега веќе од 12 м и се мали некои алишта од Окаиди. P.S. Welcome back хаха
Ние 18ка носиме Окаиди сега, го нарачав 18/23, се надевам таман ќе и е за цела зима. Знам помал калап се Окаиди.
Леле од окаиди све ни е мало за 3месеци, за 6 купував сега бодиња од тие со крагничка мн им се мали калапите одвај ги облекувам преку глава @Feniksgirl ајде размрдај по темиве ни фалиш женскааа