Од каде е ова наметкава за ручкање по кратки? Јас имам по долги и се мачам да и ги облакам се бориме, ова попрактично ми изгледа
Не се ракави, како раменца се само, другарка има вакви. Јас се откажав, со сите успева да влезе нешто од доле, преоблакам после јадење и тоа е.
Исто, некогаш ставам лигавче доле залепено за гуша (му дадавав плус копчиња да ја стега дури хаха) и плус кецела, и пак. Ако не е блузата извалката, се панталоните затоа што и паѓа, се фаќа со раце ... Затоа среќа што имам еден куп стари алишта од сестра ми па дома сме како за на нива облечени ама бар не ми е криво да ги валкам новите
Јас гола ја соблакам по пелена и ваквово наметче плус само за да можам бар во кујна на мијалник да ја замијам да не е ептен лом. Ако е без вакво строго во вц во када….
Пред некој ден му земав од Дуки Дасо ракавички. Преубави и премекани. И таму можеш да си видеш исто така.
Ова е од 3-6. Со бројчињава сум уште слаба хахах само знам дека е 3-6 ваљда 68?? На мојата и е таман, ама и долгичка е 65цм 2 ипол месеци. Денес и го носев и таман и е , искрено може требаше да земам поголемо бројче ама бидна. Да го износи ова па ќе и купам 6-9 за да и биде комотно