Ги видов бе прекрасни, ќе и нарачам поголемо бројче за летово. Овие бие инцидентни за викендот што помина
Хахахаха ќе доаѓаме пак во Мк па некако да се занимава по пат во авион. Сигурно и ова ќе и здосади па ќе си игра со тие инструкциите во седиштето што се. Инаку и ние ја имаме “Забава на фармата” на ќерка ми и е една од поомилените играчки.
Зара и мора поголемо, лани 86ка и земав а она 9 месеци беше кога бевме на одмор, баш види ги во живо прво. Ја нарачав веќе.
Да се надоврзам на муабетов за купачиве со прашање, дали за бебиња од годинка-година и некој месец е попрактично купачи на прерамки или уште оние со ракавчињата?
Попрактични се на прерамки во смисла на предоблекување, менување памперс и сл. Но позаштитено е со тие на долги ракави од сонце а сите деца сакаат да седат покрај вода и реално не се цело време во сенка.
Се опремив јас со комплети од Ваикики за лани, со два дела, долу како гаќички, а горното како блуза со ракави. Тие ми беа практични. Макар што имаше моменти кај што седеше и само со памперс за во вода и од горе блузичка, ако веќе ни беа водени повеќето купачи Edit: не најдов слика од Ваикики ама за пример еве од Синсеј https://www.sinsay.com/mk/mk/bebeski-set-za-kapene-upf50-so-kapce-so-cveten-motiv-149ig-01x
На прерамки ништо не штитат, може на спа со нив да одиш ама за плажа барај со ракави и повисока јакичка од материјал со УВ заштита. Од истите материјали има и капчиња со стреа и подолги позади. Сонцето е толку лошо и опасно што само фактор не е доволен особено за дете што ќе влегува и излегува од вода, ќе си игра во песок. Нема мода бркање тука, мака што има убави дезени и на ваквите купачи. За преоблекување секако после излегување од вода одма се вади памперсот за бањање и мокрите купачи, нема врска дали се во два дела или целосни. Ако е помало секако дека и ќе го истушираш.
Мн ме нервира што во сити мол ги немаат моделите до годинка, само поголемите до ист гејт одам еднаш месечно не ми е успат ич, па онлајн нарачувам добро што ми кажа за купачите поголеми да одберам
Да мене во Сити мол вработена ми кажа дека за толку мали само во Ист гејт има. Ама мене па поблиску ми е Ист гејт, па често сум таму.
Колку е голем? Јас дома имам само за најмалото кафезче место, а бебево само за во затвор е. Има мисија главата да си ја искрши по дома. Пиши како ќе го сака
најмалото беше 120 на 120, јас го нарачав најголемото 180 на 150, некако се водев дека во малото сигурно нема да сака да седи. и мојата е на мисија да ја искрши главата, затоа го купив, а ич не ми е по кејф пошо ќе ни ја фати пола дневна, се растргав за да има место, ама се тешам дека е привремено и барем да можам да ја оставам да јадам на раат, до вц да одам, зашто буквално цел ден паѓа, се искрши. ќе пишам баш дали ќе седи, малце сум скептик, ама ќе видиме
Мојов не ни станува уште. Само се влече со едната рака низ дневна како ранет, се пика под комода, се удира на долните ќошеви. доле нешто помало ако начека не запира додека не го крене и не си го фрли преку главата, пример столче од брат му, саксијата метална вчера си ја фрли преку себе. Од каде ја зема? Ќе морам да мерам и јас на крај, ептен е камиказа настроено ова дете.
од пики ја нарачав, ги гледав на тему, ама многу ми беа скапи, некако не знам дали ќе ја користиме воопшто, да имав од кога да земам ќе земев, ама немаше, ако имаш некој на заем да ти даде прво да видиш дали ќе сака воопшто.
Јас ја земав од тему истата 4.000ден ама најискористени 4.000илјадарки во живот ми се е сеа пошто почнува да се дига и сака да стои, на рачките се дига и паѓа назад на глава или на газ врз играчките па тоа ми е нов стрес иако е внатрњ во игрална раат нема
а рачки имаше со неа или посебно ги купи? гледав како обрачи да се обесат, ама не знам дали ги има негде во скопје или да чекам од тему...