Не пишав апдејт, оваа најмногу ми ја прифати. Навечер барем, кога ќе почне да ми се буди му ја ставам и си продолжува со спиење. Денски пак не ја сака многу ама задоволна сум и со ова.
Бев и јас со царски, немав проблем со раната. Пижамите се секако пошироки, а и гаќите се секако прв допир, кога се вратив дома ден-два носев мрежасти, а потоа обични
Овие меките малечки со овошје/зеленчук, мојава ги обожава, ги чита секој ден сабајле додека пиеме кафе мн се добри дека се мал формат баш за нивните рачиња и не се кинат дека се дебели и сунгересри страниците Литература
Ќерка ми до околу 1 година неколку од тие меките партал направи. Што со заби гризеше, што не знам како успеваше да скини. Инаку 3+ години е и сеуште знае да бара од нив да вртиме и читаме или покажуваме слики.
Добро, значи не е само мојата таква. Луѓе, ништо не останува читаво. Знали одма мора да се искине на најситни парчиња…
Кога ви ги гледам сликите од облека за женски бебиња, уживам премногу таква една желба за ќерка добивам. Ама сега за сега си се тешам што другаркиве претежно со женски деца се, па има за кого да го шетам делот и со женска облека... Да не бидам офф топик, еве нешто од летниот шопинг за синко.
Ја па кога ќе видам машки бебиња во кошулче шорцеви дотеранки деновиве се топам си викам ако некогаш се решам за бебе пак машко колку сакам да е
Баш ми се допаѓаат јакничкиве Дали ги има во Синсеј и од кое бројче почнуваат? Моето бебенце е 2 ипол месеци