јас онлајн ги нарачав земав 86ки, моето е сега 5месеци и веќе од синсеј носи 86ама јакничкиве се широчки така па ќе видиме до есен. Ако ни се мали ќе ви ги подариме
Мајки едно прашање: дали бодињата од Зара се со добар квалитет и одговараат ли на броевите? Од хм сум многу задоволна од бебешката гардероба, преубав материјал и по толку многу перења не е мрдната. Сега сакам онлајн да нарачам од Зара па се мислам за броевите. Поздрав
Најзадоволна сум од Зара и Х&М, сѐ што имам купено од таму не е мрднато. 19 месеци сме, 90% од гардеробата и е од овие два бренда. Во глобала одговараат броевите, но зависи од детето, моето е долго ама слабичко, па некогаш и помалата бројка и одговара.
За бодињата од Зара не сум нешто презадоволна. Материјалот не се собира ама околу вратот толку многу се раширени страшно нешто. Ваикики дури испаднаа подобри. За останата облека од Зара немам збор, се е како вчера купено иако е перено безброј пати.
Ти се собираат од Ваикики? Мене многу ми се собираат, и тоа само од перење, не ги супам намерно во сушара.
Ваикики пред 6 години од син ми најквалитетни испаднаа. Сега не сум купила не знам кој квалитет е, ама малово ги дупна од носење. Нит се собираат, ни форма ни боја смениле, 2 деца ги износиле..
Тие бодиња со долги ракавчиња им се собраа ептен ракавите, во должина мислам дека многу нема промена. За Ваикики алишта можам да кажам дека се со ок квалитет во однос на цена, се најдуваат некои премеки пренежни тренерчиња, хеланчиња кои не се собрале ич.
И мене ми се свиѓаат, имам и од таму, ама некако се собираат, па викам дали јас нешто грешам. Иначе убав памук и квалитетни.
Јас сум презадоволна, си ги износува подолго, не се собираат, не менуваат форма. Скоро сите бодиња од таму ни се од раѓање до денес.
2-3 работни дена негде, а не сум од Скопје. Сеа скоро нарачував друго од нив, четврток вечер нарачано понеделник стигна. Пиши им на инста, враќаат брзо.