Snow-queen да се пофалам дека имаме исто мече со тропкалка. Од Jumbo го зема, така? И да те прашам шишенцава со Мики Маус од каде ги зема, баш се интересни.
Од овие меченцата како вашето, само розевко, за мекици добивме две Сноу Корпата плава која си ја земала, многу ќе ти се најде. Ние имаме три и малку ни се, во една чорапчиња, во друга прибор за бебуш(маст, грицкалка за нокти, чешали, ...), трета за траки за коса... за ситни ствари се измислени, инаку крајот не им се знае
Од каде ги земавте корпите и колку пари се? Јас само од оние дрвениве/плетени имам видено, а сакам да купам повеќе. Како што викаш ти,за чорапи, тракатанци, козметика...
^ А јас па ќе ве прашував, за што се потребни тие корпите. Него каква цуцла се купува за новороденче и што е разликата меѓу селиконска, обична и какви се има други, не знам. Иначе јас последно купив чорапчиња.
^ Имаш гумена/каучукова цуцла: И силиконска цуцла: Силиконската цуцла е тврда а гумената е мека, зависи од бебе до бебе, некои ги сакаат тврдите, некои меките. Моите никакви не сакаат.
Цуцла можеш да земеш на која сакаш марка, да пишува на неа 0+, но проблемот е дали баш таа ќе ти ја прифати. Ние пример почнавме со бејби нова(не ја сакаше), чико(не ја сакаше) и на крај нук само фати. Инаку нук се препорачани од стоматолози (наводно немало опасност од кривење на забите).
Абе тоа многу убаво за нукот и јас и купувам НУК ама оди кажи му на бебе дека цуцлата има две страни:::значи пола од времето и е наопачки ставена и си мислам дека така е уште побетер??? Сега едни МАМ и купувам прво ич ги нејќеше сега се навикна.
Корпичката ми е од Jumbo, 290ден ако не се лажам. + во него одеше мечето траскалче. А и имаше чисто плавки подруг материjал без сликичка и карнери тие беа 190.
Карши ТЦ Бисер, има продвница на NUK,ама во истата зграда каде што е NUK, само позади, има уште една продавница за бебиња (гледа на паркингот), ее таму ги земала мајка ми, околу 150ден. горе-доле нешто ситно.(зошто не ја знам точната цена)
ние зедовме вакви топлинчиња, само нашите се со патент не со лепенка. Спојлер овие ми останаја во душата, имаме чизми незнам дали ќе ги земиме.
Еве вакви потполно исти топлинчиња само жолти Да продолжам, чорапчиња термо за зимата со мики маус, 2 блузички на долги ракави, хулахопки ама оти немаше за негова возраст плави му земав розеви со мини и една блузичка со кратки за идното лето
Шишенцево го имаше во City Mall во една од продавничките во редот за бебчиња, малото беше 100, големкото околу 150. Јас искрено се запрепастив од цените во тие продавници, поефтини се од повекето аптеки низ градов