Овие се од H&M, сваќита му ги донесе на синко, наша Данка мила. Има уште едни фармерчиња со трегери ама тие ги сушиме за роденден да си ги носиме.
Каков и колку? И јас сум заинтересирана ако не сака другаркава наша. (п.с. тој на поклон што ми го дадоа некако не е ок, му се прават огромни линии на бутчињата па некако дури и се откажав)
Jas lani mu kupiv takvi celosni epten ubavi vo leptokarija neznam od koe dukjance vese tocno,ama ima sea neznam dali ima izvadeno uste, i jas baram epten se prakticni.
Мамички каде низ Ск да најдам лигавче "Среќен роденден" (само да биде он лајн нарачка).Во Стружанка и Џамбо нема,во Carters малку претерале со цените по 800 денари се.
Сакам да ве прашам каде можам да најдам добра бебешка торба и по некоја нормална цена? Исто така, кои продавници ги препорачувате за купување на основни потребни работи за новороденче?
Moјата ја земав од Woman's secret 2500 ден. ама материјал кој не пропушта вода и е мн голема и цврста. Има во делот за трудници (имаше додуша ама сигурно имаат и сега). Искрено без неа не знам што ќе правев, јас сум презадоволна и ниедна не ми се погоди ко оваа. Инаку продавници : Локо Кроко, Анжи, Тритекс, Стружанка, Енци Менци, Бејби Блу, Венис (овие последниве во Сити Мол ги имаш сите најгоре на спрат и уште неколку други) . Разгледај убаво насекаде, има мн убави и локални продавнички кои некогаш имаат поуникатни работи и поефтини . И во Џамбо имаш секако
Торба е. Повели слики, плус внатре зашто е преполна не можев да доловам, има внатрешни џебови со ластик да можеш шишенца и тракатанци да ставаш.