Zemi si kebence pamucno i vo transporterot pokri go ako mislis deka mu e ladno. Dole corapcinja sekako. E ama imaj rezerva so ludovo vreme da ne bide ladno. I obavezno prethodno oladena kolata, dodusa mene koga me zemaa 1h bese so klima uklucena i pak bese prezesko vnatre
оваа малку поинаку изгледа од оние во Зегин..претпоставувам не е од Мк ние ја земавме пред два дена, се учиме дека може да ја јаде , но сепак палчето е послатко.. ни Софи, ни глодалки од chicco, ништо за сега не се споредува со прстињата..
Купувано од јануари па навака дел по дел (затоа и некои од работите се изгужвани од по најлони ) со алишта сме спремни сега остануваат големите работи.
Фала многу уште поубави да си купите...инаку да за женско да не знаеш што попрво да купиш да ја дотераш
Ја купивме и ние пред два дена од зегин. Ја плука луѓе, одвратна му е. Се мршти кога му ја давам и веднаш ја испушта од раце. Се запнал за една пластична тропкалка и не сака да ја мења. Се надевам дека уште се адаптира на жирафата ако не... ми отидоа две дневници
Јас прочитав поплаки за оваа фамозна софи, некоја мајка ја пресекла и што да види внатре, мувли и чуда... зар има дупче од каде би влагале лиги и вода при миење?
Свирка има големата и од таму. Сегде кај што има свирче може да се случи тоа ама пуста конкуренција имаа неуспешен обид да ги срушат
Малата нема дупче нигде иначе моево исто се мрштеше од нејзе ама сеа ко ќе му ја дадеш може цел саат да се заборави да си ја глода
Да мене ми се случи со патка за бањање... го извадив свирчето леле црна тиња лигава кога излезе... најверојатно за жирафата треба повремено плакнење внатре или пак да се пази при миење да не влегува вода. Паткиве бар ефтини се, во канта отиде одма
Денес прв пат и ја дадов. Скроз ја игнорира. Рачињата се уште приоритет. Се надевам ќе дојдат времиња како на @^angel^