@emkaemka срцка те молам кажи ми од каде ги купи и по колку пари беа, кебенцето, вртелешката, долното чаршавче со ластик и подлогата за пресоблекување? Многу се убави, со здравје да си ги користете!
Нашата е едноставна, со музика од Моцарт ја купив од Бисер 400 денари. (ја имам постирано тука) ама ја обожава. Толку ми е мерак, само ја гледа ја следи како хипнотизиран е кога ќе ја пуштам.
Еве сега гледам на алиекспрес се продава само тој музичкиот дел како на мојата. Ќе нарачам и се надевам поубава музика ќе свири.