Воопшто не си погрешила. Јас имав само 52 за првите 2 недели и после одма 62 ка ставав. И онака памукот се собира во перење. И се ти е практично за облекување како што гледам. Ти гарантирам дека се ќе искористиш Јас за 11 еур. не можам ни 3 пара боди да земам овде
@Mari* кажи ми каде го зема прашокот? Денес баш гледав во müler не можев да најдам нешто за бебиња, или јас неискусна незнамкај да барам.
@Ano прекрасни се Направив супер список за мм викендот кога беше за Грција за од H&M, се врати со раце во џеб. Рано било Нареден пат му велам со санка ќе те пуштам да ми купуваш.
Уф ние дека со синко бевме па не можев многу да гледам. Набрзина тоа што фатив инаку кој знае уште колку ќе изнакупев Горното е плишано, долните се памучни и тенкички се. Ќе мора со ѕиврички ако е поладно да се носат.