Нешто од мама, нешто од баба ^^ постелнинава со Баско мораше наша да е ^^ зима пројде ама нова ќе дојде ^^ кој рече дека ние не се спремаме за јадење
Преубави Ели! Со здравје да се носи. Директно од h&m купени или порачани преку фб? И јас сакам да порачам да ми донесат од Германија деновиве. Затоа сакам да те прашам дали е можно тоа што ќе го видам на страната на h&m да го нема во продавница? Сподели искуство те молам. Ете, да се поправам дека не ми се погаѓа мене.
Можно е да нема Еве сега немаше многу работи. Јас бев во Солун оттаму купив. Најубаво нарачај повеќе па што најдат најдат
Да кажам и јас дека во градов каде што живеам има 5 продавници на ХиМ и ги нема секаде истите работи и може на пример едни тренерки во една продавница да се намалени во друга не. И јас сум гледала на страницата нивна многу намалени алишта а во продавница не биле намалени. Чудно ми е тоа ама така е. И мој совет порачај си повеќе работи па што има нека ти купат.
689ден. Ич не ми текнува како го викаат овој материјал (ќе видам после дали пишува одоздола на стварите) ама не е бамбусов мислам @stevemila грешка сум, бамбусов е
Ќе тркнам ако не. Меркам едни садчиња во бебе хоум. Обични се, ама има ознаки за количина. Овие се ептен џиџе
Сетчињава се повеќе кога ќе почнат сами да јадат. Мајка рече се сум купувала порано, ништо не постасала прва да купи, па и текнало да му зеде сет за јадење, знаела да нема Сакам и јас чинивчиња со количински ознаки, ама сакам што пошарени ако не најдам тегличките од Веро што ги користат повеќе членки ќе се купат
Какви се тегличките од Џамбо? Јас барав пред некој ден од овие а топ затвараат за мене за чиа пудинг но ги нема незнам каде да барам.Дајте предлог
Ова со шаренилава кога те читам, како јас да сум пишувала. Само патиките што ги носам(сите) да ми ги видиш ќе ти стане јасно. А за синко количка кога се бираше, леле мајко беше