Ич не ме носи патот, а и немам некого да пратам. Убаво ќе беше да дознаеме име на дуќанот и случајно достава да не прават. Во секој случај со здравје да си го носите
Ано одиме ние речиси секој викенд, таму живеат свекрва ми, ако сакаш да ти земам па донесам пиши ми лп или нареден пат ќе се обидам да видам како се вика дуќанот
Е Еј готово знам. Ќе одам со сликата и другите работи се од таму? Фалаааа многуууу. Моите живеат во близина Бамбини, мислам немаат фб.Ќе ги прашам во понеделник. Ако мислиш дека ќе погодиме бројче можам да ти земам
Ова моево е најголемо бројче (за 9 месеци - мојов е прцул па таман ќе му е и летоска, на Ано е во истата категорија, а твоето е помало значи сите може да набавиме). Инаку другото комплетче е од бутик весна, видов на ќесата, а останатото претежно од ваикики, само најшареното боди од тритекс, шеширот од окаиди, ноочарите чико, капчето локо кроко
Благодарам на двете за понудата, ама да не ви правам обврска. @Среќичка ако можеш прашај дали имаат фб и достава. Не за друго да видам да не има уште нешто што ќе ме бендиса. Ако ептен не бива, ќе ви пишам дополнително за нарачка.
Се е преубаво со здравје да си ги носи, ептем ќе сте модерни. Може да ми кажеш од каде го купи шеширчето?
Конечно најдов лигавки какви сакам, исто и поголеми пеленки, тие за на плажа Ракун тањирче, штета што и на малото го нема Ииии купаќиии (маичката е обична)
Значи едвај чекам да постираш нешто. Преубави работи. Со здравје да се носат. Лигавките колку ги зеде?
Како само ги наоѓаш работиве? Пред некој ден бев во Окаиди и за ништо не се одлучив, не знаев кое бројче да земам , сите почнуваа од 3м, ама помислив на тебе. Си викам, мора да дојдам со Емка барем еднаш да ми покаже како да барам алиштенца. Со здравје да се носи се!
Лигавките се од Енци 340ден една, ама бидејќи се на Карамел ако ве води патот накај Битпазар ќе ги најдете сигурно за поевтино, јас дека со -20% купувам па ај Инаку ептен се добри, отпозади имаат и како пешкирче Ели исто и тебе ако те води патот на Битпазар ќе ги најдеш пеленките, Енци се 1.490ден 90×100 се димензиите, шари само од овие, едната со срциња, другата со зајче со машничка @Mimmi39 проблем ли е, кажи кога и во кој Мол одма ќе се паркираме со бебо Фала женски на убавите зборови, се трудиме да бидеме во чекор со модата