Торби, крпи, вода, овошје, грицки, млека за сончање, преслеки за лепотанот, резерви купаќи и памперси за во вода... се ми е прерачунато и веќе поминато. Купи си пумпа за пумпање на базентите. Огромни се за да ги носите наваму натаму, плус два пати на ден, а веруј така лесно не се дуваат.
Имаме пумпа Плус мм 2чадори ќе мкнел, столче за седење, наводно едното нема да го носиме ама се мислам и тоа ќе дојде со нас, па рачунај две, термос.. @kukla21 блиску ни е плажата, ќе се враќа на 2пати, ионака вика треба да ослабе
БазенТ и ние купивме. Нашиот уште поголем, со стреа, како куќарка А лигавчињата пластични пази како ќе ги миеш. Јас го изгужвав и толку му беше. Заврши во канта Затоа што имаме едно од икеа топ. И во машина се пере, а плус дете се облака во него, па нека шлапа колку сака
Не ми се верува истите ги фаќав сега во капитол , во вајкики и котон , маж ми не даде да му ги купам Преубави се ,создравје да си ги носи
Џамбо, базентчето за надвор 500ден., а тоа за во вода 300ден. @pile30 платнени се лигавките? Убаво личат
Мечето со кебенце со плави ѕвездички за подарок на едно бебе кое во секој момент треба да пристигне на свет, а зајачето со розевко за нас , знам дека е рано и не е 100 % сигурно ама неможев а да не го купам
Имаме време уште 6 недели до пораѓајот но јас немам многу сила да шетам, па направивме голем шопинг и си велам спремни сме Розевата торба за на болница за мене а ранецот е за бебето
Еве и јас ќе споделам. Имаме такви од ваикики и супер се. Перени се веќе 3-4 пати во машина и одлични се. Не се мрднати.