Купена е во некое маалско продавниче во н.Илинден (до Жито) ако ве води натаму патот ОК, ако не ќе донесат ваљда и по други маалски. Инаку се продава како бањарка за на плажа @duffi мајка ти од каде, како нарачувала??
Јас сум гледала во бисер. Има во средината према стариот дел продавничка за македонски производи. Ќе видам дали сеуште ги држат и ќе пишам.
Ова додека мерам улици уште малку. Кога ќе тргнам на работа тешко дека ќе можам толку често по дуќанчињава да се пикам
Ако некој живее во близина на Палма, Аеродром, нека провери. До продавницата што е одма спроти Палма, во влезот има продавничка за трикотажа и мислам дека таму гледав од големите пелени.
Мислам дека имам гледано голема тетра пелена во Ваикики, и баш се таа цена околу 250ден. Едните беа закачени во бебешкиот дел, а други имаше смотани во ролна како ќебенце во делот Ваикики хоум кај пешкирчињата и јастучињата за деца, но овие беа ептен во јаки бои и мислам околу 400ден.
Проверено ги има тетра големите на алкалоид. Ја нема шарата на емка (лани ја имаше). Цена 200 денари.