многу изгледа убаво радосницата од Топер, ако некој како мене не е во Македонија јас од тука (Германија) купив од амазон една со тематика од Малиот Принц. Со цитати и слично од книгата, многу ми е убава. Денес конечно и направивме отпечатоци . Скоро на четири месеци дури да се кандисам, ама добро е ги собра Ама само до 1 година е, од мкд сакам да си земам после за до училиште. Оваа од топер за до колку години е?
Радосницата 3Д од Топер е до една годинка и јас барав бар да е повеќе од годинка но низ цело Скопје не најдов а оваа на Топер сестра ми му ја подари на синко а јас уживам да ја пополнувам
Има до 7ма година , втората пред 3год од просветно дело ја земав , а првата знам дека беше од големиве маркети само нз кој точно има и низ маркетите . Сега здравје трета ќе купуваме , па ќе пишам штом најдам некоја по мој вкус .
Јас имам Радосница до 7 години. Некоја постара верзија од Топер ми ја донесоа пред 4 години за ќерка ми.
Мелинда искуство со количката? Се извинувам незнаев како да ве означам во една порака па три пати пишувам
Задоволна сум многу срцка. Голема гломазна количка, но лесна за расклопување за во кола.... ти ја препорачувам