Ти одговорила и кукла, 890 ден. Ама вреди за сите пари. Поубава од било која што сум ја видела до сега кај нас. Едит: јас го испразнив нашиот топер. Купив и за подароци за две драги бебиња што ги очекуваме
За подарок јас сакам за повојница да земам. Ама што е тоа Топер? Книжара или марка некоја . Не ми се смејте . Не знам кај да барам. Просветно дело има една кај мене . Можно е таму да има ?
Од енци менци 3000 со саемскиот попуст што го имаа.Луна е столчето преубаво е..денес ручкавме удира со рацињата на послужавникот ептен го бендиса синче 3 нивоа на спуштање/кревање на наслонот(грпчето) и 6 ниво на подесување на висината.Тркалца со кочница.За овие пари е одлично.
Овие што личат на тетра, само големи не знам за што служат ама ми се видеа убави. Претпоставувам кебенца се.
За се ќе ти служат. Покривање, да постелиш за ја легнеш, да си ја ставиш врз тебе па бебка на неа, за бришење. Баш се. Ќе видиш кога ќе се роди. На транспортер имам ставено и како подлога да не го поти. Инаку овие Мимио се многу фин памук. Исто и Мамино, Идил бејби. Турски се сите супер.
Убави се книгите, ама пази со овие. Нели рабовите им се како сунгер, моиве и двајцата ги гризеа, парчиња кинеа. И им ги тргнав, од страв да не голтнат делче.