@stevemila има вакво нешто во Зара, проверив на сајтот имаат бројчиња 20 и 22: https://m.zara.com/mk/en/metallic-ballerinas-with-knot-p17505303.html?v1=6454267&v2=1077966
Види ама големи се од Зара, најдобро сега во Солун побарај и ако не јас ќе и побарам кога ќе идам, битно до 16ти Дариа ќе има најубави балетанки
И кажав дека јас се враќам утре вечер од одмор. Ќе одам у Космос. Ај кажи во кои дуќани да барам. И како да мерам 13 см? Долу на ѓонот,од крај до крај?
Чим ноџето и е 13см чевличките треба да се 14см, башка уште 1м има до 16.09. Од ѓон до ѓон мери. Она тие што ги постираше се од ХМ, види и во Сфера, Зара, но горе кај детските бутици, каде има и играчки, има една продавница со многу чевлички, баш и на излог се испоредени, па таму ќе се најдат сигурно некои, на името ич не ми иде како и беше, ама вецињата како што се скрос десно не на ќошот таа со играчки, туку до неа. Објаснив како објаснив, ама тие се тие продавнички, нема утка
А дали знаеш до колку работи навечер космос ?! И има ли ви-фи во некој од кафичите што се во негов склоп? За да и сликнам
Космос работи до 21ч, вифи јас сум нашла само кај ресторанчињата, во ХМ секогаш стои дека има ама јас не успевам да се конектирам.. Продавницата е Mayoral, има и за поголеми дечиња и за помали, една до друга се.
Принцезата треба да се роди здравје за 1 месец а вчера баба дедо и тета ни купија комода и душече за пресоблекување, преубави од Либерта