Хахаха чек уште не сум му ги облекла, нови му се Шала на страна, купив неколку пара купачи за на плажа (сакам да седи без пелена) ама за секој случај се опремив и со гаќиве (купачи под 400, 500ден. не најдов). Не знам колку ќе моча па да ги имам како резервна варијанта. Решена сум да не му ставам пелена а гол да го држам нема шанси .
Незнам колкаво е твоето. Моето е 13 месеци и истеравме два одмори летово во кои му ставав само пелена ноке за спиење. Ми реагира на жештиниве со ситен осип под пелената, па на плажа со пелена шанси немаше да го оставам. Јас имав преку десет пара купачи и многу многу гакички во боја. Очекувај дека многу ке менуваш во еден ден. Јас ако ги измочкаше на крај на ден ги перев на рака со прашак и пак ги користев, а ако ги искакаше ги перев и ги тргав од употреба. Убаво да си поминете
200ден. беа два пара. Се надевам дека ќе постигнам да сушам купачи ама нека ги има за секој случај. Секако удобни ќе му се, да му диши газе
Ме замисливте уште некој пар гаќи да купам @kukla21 1890ден. редовна цена, ама јас трет пат купувам и секој пат се на попуст 1500ден. Има и поголемо пакување, сигурно тие поефтини доаѓаат.
Баш бебешки? За под една година? Ќе го пратам мм во Стружанка сега, па да не се срами таму, ќе ме утепа после
Џамбо исто така Јас не би да се замарам да рибам гаќи на одмор, а мојава си кака кога стигне и по повеќе пати во ден. За во вода ке си земам пелени специјални за таа намена, а надвор од вода ке си биде во обични пелени. Нит купаќи и зимам, нит гаќи.. @Minnie-e ке го земеш најмалото бројче (мислам 1), едно перење на 60-90 и уште помали ке станат ако се големки, 100% памук е, ке се соберат секако малку
Епа сеа дека постојат бројчиња за помали од годинка не сум сигурна, сепак сите бебиња се во пелени. Еве добра идеја ти даде @mariz Ни јас не би се замарала со гаќи кај бебе што уште долго ќе биде во пелени.
Jas mislev samo moeto e po gaki na plaza Ama naporno so gakite... Izmocka dva para vo eden h, znaci 5 para dnevno minimum ke mi trebaat...imame edni kupaki samo, ke baram na popust uste nekoj par, bi sakala i jas da e bez peleni na plaza.
Пуфис ке и земам, па ке биде модерна и во пелени Бегај и количка ке носам, па ке си седи и таму, па уште и количката да ми ја испомоча, не не Плус кратко седат будни на плажа, одма дремка ке мава, па пола време на плажа ке биде и преспиено Така беше со синко, е сега со неа ке видиме...
Па ни јас не гледам проблем во тоа да си седи во пелени. Мојава беше 13 месеци кога прв пат беше на плажа, имавме едни гаќички-купаќи за во вода, и одма после искачање од вода ѝ облекував пелена.