Ако те носи патот прашај дали имаат на холе ноќни кашички за едно спремање, мали кесички. Без обврски. Имам уште некој ден па се надевам ќе најдам.
До вечер имаш информација,после 6 часот правам обиколка низ мало за да се раздвижам имам две аптеки и ќе проверам. Ако нема ви двете ќе прашам да ми проверат кај има.
Ано јас само оваа со банана од ноќни ја земав. Ја имаше во мој Зегин. Ако треба ќе му купам на баткото. Земав и од другите две горе и само еден вид имаше без глутен. Ќе ни се најде за доручек. Другите ќе почекаат некое време ама спремни да сме. Баш практична работа. Ептен ми се допаѓа.
@Ano @eli25 Имате во Буњаковец,Порта влае,Ѓорче и ГТЦ. Кисела вода аеродром нема ни во една. Е сега кој видови како незнам.
Да. Ептен се практични ќесињава. Една употреба и ајт чао. За надвор може и термос со вода. За промена се супер. Хип неколку ноќни се и досадни се веќе. Во сити мол ги имаше сите. Брзо се потрошиле. Јас кога ги начекав беа само што ги добиле.
Да на Холе се. Ако некај сака стојам на располагање да купам. Едит: Еве што има во нашиот Зегин. Во другиот ќе проверам деновиве што има.