Јас сега гледав во сити мол. Тие што ме бендисуваа беа со мн лош квалитет. Ептен крути. Едни ко со облачиња се супер мекички, ама само до 6 месеци има.
не најдов денес бев во рамстор мол... во другите рамстори да не сте виделе? или ваков тип на вреќи кај да најдам
Поклонче за едно бебче ни е ова.. Патичињата за бебе, шалот и ракавиците се за бато, ама ги сликнав заедно, заборавив
Сега баш пред некој ден видов во Капитол, кога ке влезеш лево скроз на крај. Оваа со ѕвездичките ја има.
Нз дали сте ги начекале, има и машка верзија и женска, неколку разни дизајни, 190ден некаде се овие мали, плитки но собира 250-300г каша, а има и големи поплитки и тие се 250/260. Има од бамбусово и некој др материјал, преубави се од Дм.
Нешто за на одмор, шопинг после одмор, подароци за запче... малата Софи почна да се кине од тормозење па доби нова.
Се е преубаво особено жолтите работи Туку пајчињата од каде се. На плажамедно бебе ги имаше, дете мое воодушевено беше како свират. Уште и ги емитираше па сакам да му купам за дома.
Се утепав стискајќи ги да не случајно свират ама не. Сигурно други биле тие. Овие се за во вода, може да ги полниш со вода и да прскаш. Бебе обожава патки, по овие буквално плачеше во продавница . Туку ме стави на мисла какви се тие што свират. Ако најдеш кажувај.
Па буквално како големото пајче од комплетов беше. И беше убаво зошто лесно се стискаше за разлика од други играчки. Ако најдам ќе ти пишам .
Лани имаше такви во Грција по џиџимицарниците,јас ги начекав во тие се по 1 евро,изнакупив за цел комшилук И после една година мрцварење,уште се живи и свират
Имам исти, ги купив од една продавница се за 99 ден, што се наоѓа на улицата на Битпазар од страна на факултетите. Ептен се убави дека и пливкаат и не се превртуваат како други патки, а и стварно слатко и лесно свиркаат, купени ми се одамна, шетани по плажи, уште свиркаат Големава патка па дека може да ги носи малите патчиња, мн е интересна @Minnie-e жолтата патка со двете/трите мали патчиња, не тие од Бејбилов, мора да свират патчињата, нешто се збуни ти изгледа... тие од Бејбилов се рибчиња како што гледам и тие ми личи дека се за прскање Инаку ке одам неделава до факултет, па ако сакате ке видам дали уште ги држат
Пушти инфо ако те носи патот па ако има ќе видиме како да се организирам. Ептен отпат му е и ретко одам натаму.