Долниот дел е бустер седиште? Од каде и колку? Треба најкасно на пролет да купувам ново за големата, па да разгледувам со време.
Од продавниче слично на стружанка,во кисела вода. Јас сега го приметив дека има розевко ама арно му е
Многу убаво Креветчето од икеа ли е? Ние лани за синко зедовме слично, но оваа година го нема тој модел. А овој е доста сличен на нашето.. сакам и за ќеркичката такво нешто да земам.
И јас си мислев да му ја опремам детската на бебе, ама некако како ми се ближи терминот не ми се остава само, па веројатно ќе е со нас во спална дур пркни. Ама сега сите ми викаат дека ако така го заучам после нема да можам да го одделам. @Minnie 1 преубава собата
@Kitten не знам што е бустер седиште Ми зборуваа таму имало посебна подлога (ваљда на тоа мислеа, не знам). Полнето е со бамбус, а материјалот е таков што не дозволува потење. Maxi cosi titan pro e називот на седиштето, можеш да си го прогуглаш детално. Од Бебе Хоум е, цената е околу 20.000 (точно не памтам, дали беше 20.900, 21.900, така нешто), а на таа цена има 20% попуст викендов. Всушност на цел асортиман има 20%, а добиле сега еден куп нови седишта, па ако си за купување, сега е моментот Инаку љубов на прв поглед беше црвеното, штом го видов, знаев дека тоа е тоа Да кажам и дека од Maxi cosi ни е и транспортерот и летната количка и презадоволна сум и од двете, па затоа решив и седиште да земам. Поскапи се, ама се квалитет, ергономски и користат врвни материјали
За почеток ќе биде со нас во спална,имаме друго креветче го имам постирано. Во негов соба,после неколку месеци.
Јас бев денес до Вип и ми рекоа дека пак ќе ги донеле истите работи во скоро време,така да прашај ги пред да тргнеш таму дали им стигнала нова тура.