Со ќебенце покривам. Дур беше бебули мало и вреќичка имав, ама тенка беше. Ти како се покриваш? Јас за бебе по мене се водам.
Моето бебе е многу немирен спијач и јас сум жива ненаспана ако не го ставам во вреќичка. Уште како мало бебе ги креваше нозете нагоре и го туркаше кебето од себе, па вреќичките ми се право откритие и летни и зимски. Нарачувам и купувам сегде каде што ќе начекам, два пати од Бугарија (од Лидл и Хиполенд), две од Стружанка имам купено, од локални продавнички како шпилхозни за спиење, завчера такво начекав у Ваикики за 950 ден, мислам дека најмалата беше од 0-3 месеци. Е тоа е раат. Сепак, треба да спие во ладно максимум 20С зависи и до вреќичката.. Така јас со јорганче, он со тенки пижами и вреќичка и гајле немаме. Од кебиња само за денско преспивање користам онакво мекано поларно, а за летно време чаршафче (то ест навлаката за јорган) Јорганче пак е воопшто непрактично според мене, круто е, и како ќе се врти - така ќе се открива.
Јас сум вечно измрзната, спијам под јорган + ептен дебело ќебе, местото каде што работам е ептен ладно, па кога ќе стигнам дома неможам да се стоплам. Заради тоа не би се раководела по мене колку треба да го покривам бебе, мм нон стоп вели дека се плаши дека ќе се загушам од натрупани ќебиња над мене. Зимава ќе бидам дома па се надевам ќе си ја средам телесната температура, а за бебе ќе барам вреќа да купам, инаку нема да сум раат, сите мами досега ми рекоа дека најубаво е вреќичка..
@mamaJana јас со јорганче меко, комплет ми одеше со постелнината од енци. И јас сум зиморлива многу а бебе ич, еве онојпат го успав ама беше со чорапи, обично е бос и се разбудил ги свлекол и продужил му гу најдов до глава Така да ми требаше и мене време да сфатам дека е на татко му и не го тунтам многу, т.е не се раководам по мене. Најарно т.е спас е вреќичка ама ако ти ја прифати. Вака со јорганчето се случуваше да го шутне преку лице , животот ми се скрати една вечер кога го видов со јорган преку лице
@mamaJana Ма морам во вреќичка да ја ставам, нема што да ме убедуваат, бебе цела вечер се открива, не знам како успева да го тргне ќебето од неа, жива измрзната е кога ќе ја пипнам Свежо е навечер, таман ќе е ова
@Minnie-e Не верувам, копчињата се подместуваат надолу но баткото ни до половина нема да биде покриен ако го направиш тоа За помали бебиња е мислам. И многу е меко, а не е воопшто толку дебело ко што изгледа. Инаку од фб го нарачав, во некоја од групите каде што сум член ја имаа објавено вреќичкава во некој пост за реклами.. Не памтам име
Ќе ти пишам јас Од Молот е, лево кај касите стојат, имаш и розе/лила и окер, ама прегледај убаво ВРВКИ @mssuniquee ами окер нели
Немаше до скоро ништо баш таму кај што кажуваш. Не сум погледала есенва во тој дел. мм јакна зеде и ич не погледнав.
@kukla21 Не од молот не ми се, иначе знам и јас пред да се породам зимоска прашав ми рекоа дека ги немале веќе, кога Емка ме извести сабајле дека ги добиле и таму
Тимберленд Абе назад сте со модава вие ептен, бебе мое и бебе на @eli25 уште лани беа фраери со вакви
Кафеави имавте вие, памтам јас Се залетав и јас пред месец дена ама 3000 некако не ми се даваа, башка помалото бројче ептен пасен, друго големо. @kukla21 Ќе одговара ли било која или мора соодветна за количката. Јас прашував пред некое време и за нашата количка требаше да порачаме, а цена над 10000 па не ми се даваа толку.