Во една маалска продавничка за долен веш во Автокоманда. Верувам дека има и по други вакви продавничиња, можеби ги има и на пазар.
Enci menci zashle so cenite. Poskapi se od okaidi i mother care. A pa toa popustite koa ke im gi vidam brz vrska.
Не само енци менци туку и доста многу бутици за деца и возрасни цените им се 'боли глава' според мене мислам повеќе се плаќа фирмата/брендот одколку квалитетот. Јас не би купила никогаш толку скапа облека посебно не за бебе, а за себе не ни размислувам Ама дека видов пост погоре дека мајка бара такво за своето бебе мене случајно на фб ми се појави истото и постирав
Да да, и мене на ФБ ми искочи од енци менци и баш ги гледав..попуст за шпихозни од 2,990 на 2,099..за едни шпихозни за 3 месечно бебе. Јас сум за праење мерак и трошење пари за бебе, во саботата 4,000 потрошив затоа што се му омале на малиот, ама па 3,000 за едни шпихозни ја мислам дека е премногу. Плус многу мразам л'жговци продавници. Летоска ми искочи дека имаат 20% попуст на постелнини а јас меркав една од таму што беше 2,990 денари со оградица. Одам таму и ми викаат аааа не, не се тие постелнини на попуст овие се. И ми покажува жената 3 постелнини качени со цени над 4,000 и со попуст пак доаѓаа околу 3,000, а башка не беа убави. Фактички тие поубавите што им се трошат не ги стаиле на попуст. Македонска работа.