Од Зегин да. 960 ден мислам дека беа гаќичките, а обичниот 899. Предтоа имав земено уште еден обичен па ја добив играчката гратис. Важи од 16 декември до 16 јануари.
Цело време и се прстите во уста па и накупив цуцли и глодалки иако сме само 2 м. Сакав да ја купам софи ама не знам дали малата или големата. Реков прво да прашам тука .
Ние сме месец ипол, вчера баш ја купив малата нека биде мала зап очеток, да може да си ја држи, па понатаму ако треба и големата ќе ја купиме. Инаку лажичкиве на бејбилав силиконски се?
Прекрасна куклата баш каква што барам. Треба да видам дали ја има во нашево Вајкики. Од каде налепницата, баш денес ја видов на кола и му викав на мм дека е ептен фаца.
Еден прекрасен бејби албум кој го добивме на подарок во кој можеш да раскажеш како се почнало, како било во бременоста, породувањето, чувства, мисли, родендени, фамилијарни дрва, фотографии и моменти. Веќе ги напишав првите страни ќе ја добие на 18 години. Ќе биде сигурно воодушевена од мојот опис како ми беше/е девет месеци
Куклата оди заедно со пиџами. За нова година на внука купив од Вајкики пиџами ама дека она поголема 10 год. е куклата остана за нас. А налепницата мм од Али експрес ја нарачал.