Дали си задоволна со проодувалката? Имам поени во Енци до кај 2000 ден за чикова играчка па оваа ја меркам?
Моево не ја перцепира само некогаш ке си поигра. Не сака да ја бутка, само ние ако го наместиме тогаш затоа дубакот го обожава него си го турка
Моето имаше две. Ниедна не користеше. Му стоеја под нос. Знаеше некогаш да го врти воланот, да ја игра, да ја бутка не. Прооде околу роденденот, без ништо. Најзгодно му беше да врти околу маса.
Ова е сега проодувалка? Ми личи на точаче. Порано беа само дубаци и јас треба да набавам али читам искуства никое не сака во такво. Има некој убаво искуство со некој дубак? А таков голем проблем со кенгурот имам. Два земав ни во еден не сака да поседи барем пет минути. Едниот е материјалот тврд си реков ја убива на нозете затоа пишти. Потоа земав еден сунѓерест и мек материјал ни во него не сака. Цел месец се трудам да ја научам, не и не. А кај да е количката нема да ја сака и што ќе правиме додека почне да седи не знам.
Поткрени ја количката на 45 степени. Кај мене немало ни прашање дали ќе сака да седи или не, нека плаче, во количка ќе седи, што да му правам кога немам 6 раце и да го држам и количка да мкнам и торба. Ќе застанам, ќе го смирам и продолжувам.
Според нашиот ортопед мање зло е џампер. Дубак јас користев ама дете не беше воодушевено, напротив го уназади во развојот. Тој почна да се исправа на 7м, на 8м се качуваше од под на кревет или од кревет на наслон. На 8 кон 9м веќе и пролаза и тука го ставив во дубак и крај, прекина и да лази и да се исправа. Се на се 3 пати го ставив и толку, го тргнав дубакот, го уназади. Прооде на 13м, без проодувалка, ја имаше ама не ја користеше како проодувалка туку како играчка. Ако имам пари ќе купам се што му треба, па и проодувалка, сметам дека е подобра опција од дубак.
Иста беше и нашата препорака, ама ептен ако ти треба џампер, а ми требаше, сама бев и немав помош, го оставав по 1 час во џампер и толку.
Најдов еден сега ќе ти го пуштам. @FreeMind http://www.libertabebecentar.mk/dubak-free-on-3-vo-1-dubak-amper-klackalka-2
Ај ма само што го продадов Фрлени пари, мој став ич не му треба на бебе ова, постелај ќебе, играчките и нека шара по под Ако веќе бираш џампер избери онаков за на врата да скока.
Јас па со тој имам слушнато лоши искуства. Дете се превртувало, се кинело јажето (некоја мајка овде сподели) и ограничен си кај да го поставиш. Мене овој ми се погоди, имаше играчки на него, се вртеше 360 степени и беше баш погоден. Би го позајмила и за второ секако.
Кратки хорор приказни Ако гледаме така и со овој може да се сврти и да се потепа, барем мојов се веднееше до превртување Секако јас сум за ништо од ова, безпотребни реквизити, нас поклон ни беше.