@*цветче* како се загледав, чекав и трет дел Ептен убави алиштенца, модерна женска ќе имаш, со убаво да се носат @Minnie-e и второто е маже
Фала @emkaemka, со убаво да се враќа како што сум земала залет, кога извадив сега да сликам сфатив дека сум се занела малку, а чекам нова тура да стигнат Ова болест е купувањево, хаха
@*цветче* Во кое h&m ги има овие преубави работи? Деновиве треба да одам за Благоевград па ме интересира дали се од таму?
Ова кампањски е купувано, некои се веќе стара сезона (есен/зима), ама моделите се тие секогаш во нивните колекции, варираат боите и дезените. Дел се од Софија (јас имам впечаток тоа у благоевград H&M кога и да одам како запустено е, или јас ги грешам сезоните ), дел се нарачани успат кога нарачувам за малиот од Obleka po vash izbor - izberete brend на фејсбук, веќе трета година како си нарачувам од нив. Ама да, најчесто од бугарските дуќани може да се каже.
Ептен е запустен детскиот дел во Благоевград. Ќе гледам он лајн од дома, ќе бендисам десетици работи, а таму ништо од тоа не можам да најдам. Вашите се преубави, со здравје да си ги носите!
Ова не е само за Благоевград. Јас кога и да одиме во Софија, ќе се изнагледам онлајн триста работи и ништо нема да најдам таму на лице место. Сега кога одиме гледам дирекно што има таму. Најверојатно страната им е за онлајн нарачки и не се имаат по дуќаните.
И јас веќе престанав да гледам на страната оти после се разочарувам кога нема нешто да најдам. И трудничка облека кога барав исто беше. Во Грција секогаш има поубави работи и поголем избор.
Во понеделникот во ХМ во Космос имаше и повеќе од тоа што е прикажано на официјалната веб страница. Чисто инфо се надоврзувам на муабетот погоре
Од Космос за синко многу убави работи имам земано иако е за нијанса поскапо отколку во Бг. Ама скоро 2 години немам одено, може исто станало и таму.