Мене ова ми е глупаво, извинете ама како лампиони се вака "дотерани" А за удобност да не правиме муабет
Не да не е удобно... Истото е за излегување од болница, бебе што го облекуваат во фустани како невестиче... Бебе старо само неколку дена, накитено со тулови и синтетика... Мене ќе ми смета така да сум облечена на кожата, а не па на бебе. А се се прави само за една слика на излегување, и од болница-кола-дома. На крај секој си знае за себе што сакаат нека прават, нивно бебе-нивни правила, јас можам само да кажам дека не ми се свиѓаат такви работи
А бре очичка, мерак е во прашање. Јас мојата мома во фустанче ја извадив од болница. Памучно. И хулахопки и чизми носеше. Права женска Да имам девојче, пак таква ќе е. Шпихозни и остало е за по дома т.е. јас и облекував само за спиење. За по дома беше во блузе и тренерчиња/хеланчиња. За надвор во џиџе Прајте си како ви одговара.
Па да реков на крај кој како сака да си прави Памучно фустанче не е проблем, зборувам за фустанчиња од типот на сатени, чипки оние како невестичињата што носат само во боја, е тие не можам да ги разберам
Јас ако имам ќерка еден ден гарант во тулови, чипки и сатени ќе ја изнесам од болница. Да има штикли за бебиња , гарант и тоа ќе и опнам. И за прв роденден знам што би носеле. Црни фустани со бела чипкичка комбинација. И двете во исто. Мајка ми и шиеше на внучка и снајка такви.Уште ми се пред очи колку убаво изгледаа Меракот е голем. Еден час с'клет на бебе би ризикувала за тој мерак
Па некоја ако си го изнесе детето во боденце обично коплетче не би рекла дека нема мерак или помалку се радува на своето дете. И не ти го разбирам ова "и нема да разбереш".
Јас сум од ретките што нема фотографија од одење дома Бебе во шпихозни памучни, капче, ќебенце во транспортер и дома дирекс. На поголемиов од стално ми било шубе фармерки и кошули да му облечам од што ми се чини воопшто не му е удобно така како приклештен, а тој сака да трча. Мада и женско да имав вакви тулови нема теорија, нив јас не би ги облекла како прво, уште на муабетов ме боцка и штипе тој патентот И не, не ми е слатко ама ич.
Колку невкусни коментари се изначитав Разбирам да посоветувате дека не е практично и слично, па и да дадете мислење дека вие не би така, ама да кажете дека е глупаво или дека некој ги кител како лампиони е ту мач. Секој си има мерак и си го прави.
Како нема мерак. И таа со мерак боденце купила и го стокмила бебето по нејзин терк. Нема да разбереш зошто некоја сака тулови. Не си тој тип. Јас може не разбирам како некоја на боденце може.. Битен е меракот на мајката.
Јас купив за моето едно комплетче ко Суперменче, закон беше, и да не се родеше ко глувче ќе беше во тоа облечен. И мене ми е несфатливо со тул ама не и грдо или не знам што, бебе е, и во весник да го замотам убаво ќе е. Кој како му одговара така нека си праи, најпаметно е.
Koj saka taka neka go oblece i jas si imam merak i sekako ke.ja oblekam vo takvi fustani mojata ima 20 takvi fustancija kako lampionce eeee sekoj den so merak ja mestam i ke prodolzam....
Се е ствар на вкус. Сите ама баш сите сте купиле најубави работи за вашите најмили. Јас едвај чекам и мене да ми дојде редот да купувам и да се фалам тука.