Каде да барам памучно фустанче за бебе од 1год.? Имам ограничен буџет, да не е поскапо од 800 ден. И дали ќе биде во ред само тоа да однесам за прв роденден кај не толку блиска другарка? Немам никаква идеја што друго да земам. Не знаев дали е за во оваа тема прашањето...
@PiaMia да не те предомислувам, ама јас би нешто попрактично од фустанче. Ѕирни во Ваикики, можеш и во Елва. Буџетот ти е доволен за таму.
Мајки кај може да се најде некоја ламба со потенциометар или некое друго слично решение да ми кажете, за да не се будат и бидат ококорени од светлината?