Не сака воопшто. Го ставам само кога имам работа по дома,а сама сум и тоа е со плачење.Повеќе е во дубакот.
Јас ги перев. Друга опцоја за дезинфекција ти е да ги ставиш под пареа од пеглата. Да дезинфицираш со Нук средството за дезинфекција..
Кукле купив од Нук сјај за садови, ... тоа за дезинфекција е некое друго така ? За што се можам да го искористам, а да не го земам само за играчкиве ? И да те прашам со што чистиш подови, прашина, купатило ? Некако ми е страв да продолжам како со овие до сега, некако мн јаки мириси ми имаат ..
Ги пикирав прво во зегин, ехеееј одамна шишето 620мкд беше. Сосема случајно едно влегување во ДМ пред околу месец и оп, го гледам на акција за 500 че, па си го земав. Исто и цуцлите, у зегин само сини и зелени имаат, начекав у една локална аптека едно единствено 0-3 розево и го земав. За 3-6 видов и розе и лила имаше. 300+ денари беше, не знам точно.
Подови чистам со влажните на дм. Има за дрво и за плочки. Мирисаат, ама не толку јако. Прашина со едни суви марамчиња на дм за една употреба. Не употребувам хемилалија. Баш се такви за прашина. Ја упиваат, а не ја разнесиваат.
Подови и прашина можеш со Дезентал на Алкалоид, го имаш во аптека разреден и неразреден. Купатило стандард со соодветно средство зашто бигорот нема како поинаку да се исчисти. Само Пулирапидот го избегавам, тој корне недела недела откако сум чистела.
@Milaаа991 те тагнав Еуцеринот за бебиња е? Тоа на чико за комарци е? Треба да нарачам и јас да видам како изгледаат. @Minnie 1 сакав и јас да земам слично. Ич да не купувам тогаш, фала.
Па не знам што да ти кажам,братучетка ми па многу е задоволна. Вика на малата играчки ќе и ставам,цртани и пуштам и цел ден би седела внатре. Ова моево ѕверче не сака.
Јееее ти успеа Па од аптека демек за бебиња ми го дадоа Еицеринот. Баш затоа со 30 ка фактор, оти за бебе не се става повеќе. Со минерални филтри е, се надевам дека е соодветен и за бебемца. Чикото е против комарци, ја намачкав еднаш немаше реакција и не беше касната.
Сите различно кажуваат само за да продадат. Претходно ме отекоа со фризи дерм дека се најдобри, потоа еуцерин беше на промоција, па ајде од нега нема поубав.... Се е за профит. Така да битно да му се погоди на бебе.