Цветче од каде ги купуваш овие на Х&М? И по која цена? Преубави се, а од интернет не ми се порачува ич. Сакам да ги видам лично. Мк си или надвор негде?
Тука сум, нешто лично купив од соседиве, повеќето нарачани ми се. Искрено со H&M нема утка во материјал и модел, е сега дур да се фати шема со величините, после лесно е. Шубе е првпат, после не боли хаха, се навлекува човек па кога ќе ги поднаучиш попустите, е тогаш милина е
Величините на Н&М се секогаш точни, дури и поголемки малку, секогаш ги носиме плус бар уште некој месец од напишаното, ама најточни се секогаш. За разлика од нив Вајкики на пример синче на 3г и 3м носи и до 24м.
Епа дај просветли ме хахха Упати ме од каде порачваш? од која страница мила си здоволна? Имам јас фустанче Х&М многу убаво од нет го порачав за бебка бр 50. Ама ич не и го ставив, ко се породив жешкото, после одма ладно дожд и не и го ставив. Затоа не знам точно квалитет и дали да земам понатаму. А за поголема ко ќе е од другарка од странство имам неколку блузина.
Мојата од кога е родена 80% од облеката шо сум и ја купила е од х&м. Перам на 60, сушам во сушара не се мрднати. Ваикики не се лоши, елва не сум задоволна. Окаиди уште тестирам, пошарени се па страв ми е да ги перам на повисока температура.
Мхм. Имат убај работи Х&М, посебно за женски. Ајде ќе порачам и јас нешто, па ќе пишам за искуство. А од ваикики и сега имам неколку парчиња и задоволна сум досега.
Hanna fashion online shopping барај на фб. Скоро се им е веднаш достапно. П.С. Јас купувам од Солун се наеднаш пред да почне сезоната, па и данок си враќам. Овие шо ги пишав си зимаат и маржа.